Во фабриката на “Greencore” во Нотингамшајер, Англија, над 2 000 работници прават по 3 милиони сендвичи, кои потоа се продаваат во продавниците на Waitrose, M & S and the Co-op, Sainsbury’s, Asda.
Фабриката работи 24 часа во деноноќието. Повеќе од половина од вработените се имигранти, кои се влезени преку Полската агенција за персонал.
За нивнета припрема тие не користат ракавици, но имаат строги правила за миење на рацете. Ако некој го допре лицето, на пример, треба да го напушти местото, да ги измие рацете и тогаш повторно да се врати (колку се почитуваат овие правила не е познато).
Британските медиуми се навредени од фактот што повеќето вработени биле имигранти. На првата страница Daily Mail праша: „Зарем нема Британци, кои можат да прават сендвичи?” ПР-от на компанијата изјави дека Британците не сакаат „таква“ работа.