Абумби Втори е афрички крал кој има околу 100 сопруги, а полигамијата е нешто што е сосема нормално и се води како традиција во руралните подарчја како што е Камерун.
Тој на престолот дошол во 1968 година, после смртта на неговиот татко, а покрај круната ги добил и сите таткови жени бидејќи тоа е дел од наследството кое му припаѓа.
Вкупно 72 жени му припаѓале на неговиот татко, а кралот Абумби сега има скоро 100. Исто така , на себе морал да ги преземе и неговите деца , па таа бројка сега достигнала 500.
Кралицата Констанца, трета по ред жена на кралот Абуми II изјавила дека така „силен“ крал зад себе мора да има уште поцврсти и успешни жени.
-Наша традиција е да кога дојдете на местото на кралот, сите жени ви припаѓаат вам, бидејќи тие го заслужуваат него, не принцот – рекла кралицата Констанца.
Инаку, речиси сите жени се образовани, говорат неколку јазици и се успешни во своите бизниси. Многумина ги осудуваат на полигамија и сметаат дека тоа е се почеста појава во Камерун.