Земјата под Централија во Пенсилванија е мета на огнот уште од 1962 година. Тогаш се запали миниран јагленокоп, а огнот во него гори и до ден денес.
Иако никој не е сигурен како во рудникот толку длабоко под земјата можел да избие пожар, експертите стравуваат дека тој сигурно ќе потрае уште 250 години, додека не го снема јагленот.
Досега веќе имаше неколку обиди за гаснење на подземниот пожар, но без успех. Јагленот гори константно и со подеднаков интензитет.
Инаку Централија е едно од најголемите наоѓалишта на јаглен во светот, но некогаш развиениот индустриски град полека умира поради сулфурната пареа и пропаѓањето на патиштата, што е последица на раскопаното подземје. Градот повеќе го нема на новите географски мапи.