Иако Владата на САД призна дека “Oбластa 51” постои, тоа подрачје е и понатаму строго чувано.
Глен Кембел се обидел да влезе во едно од најстрого чуваните подрачја на светот, прочуената “Oбласт 51” во Невада.
За ова место кружат бројни теории на заговори. Некои од нив велат дека токму тука војската спроведува тајни експерименти, додека други тврдат дека на тоа место кон средината на минатиот век паднал вселенски брод. Овој човек се обидел и да го истражи тоа место, но во тоа го спречиле луѓе во бели автомобили.
Тие не се дел од војската, туку EG&G, компанија од платеници кои што војската ги изнајмува за деловно обезбедување. Тие се всушност многу полоши од војската.
Освен “Oбластa 51”, тие чуваат и посебен дел од аеродромот во Лос Анџелес, каде што има тајни војни авиони.
Зошто е ова место толку строго чувано, Американците објаснуваат дека токму оваа област служела како полигон за тестирање на бомбардери во текот на Втората Светска војна. После 1945-тата година тука бил направен и полигон за тестирање на Грум Лејк.
Сепак, теоретичарите на заговори потенцираат дека во 1947-мата година токму таму паднало летало со вонземјани и дека сега се чуваат остатоците од тие суштества.