Покрај богатството на површина исплива и уште една тајна на Путин – неговата палата од милијарда долари која се наоѓа на Црното Море.
Првите снимки од оваа палата, која првобитно беше замислена како скромна куќа за одмор, се појави од сaтелит.
Според поранешниот партнер на Путин, Сергеј Колешников, кој пребега од Русија палата е платена со пари кои Путин и неговите најблиски соработници ги исцицале од фонд за подобрување на руските болници.
Путин убедил неколку милијардери да донираат за оваа цел, но апаратите кои биле купувани биле евтини, а вишокот бил префрлан за Јужниот Проект т.е. вилата од милијарда долари. Колешников тврди дека и тој го правел ова преку негова фирма, а тврди и дека бил во посета на палатата.
Документите покажуваат дека на државно земјиште е изградена палата која ја чуваат чувари од Кремлин заедно со приватна фрима за обезбедување.
Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи: