Неговото име е Хоризон, и тој е најскапиот бивол во светот, вреден цели 8,5 милиони фунти. Се вбројува во најголемите говеда, со распон на рогови од речиси 1,5 метри, и è еден од најбараните биволи во Јужна Африка.
Хоризон е вистински рудник за злато, а баран е поради неговите беспрекорни гени и распонот на роговите. Сопствениците на “Гејм” резерватот го купиле биволот за да привлечат туристи, а Хоризон им дава можност да одгледуваат најголеми и најдобри стада.
Хоризон дава и квалитетно потомство, а цената му се триплира кога женката останува бремена. Со нормална бременост цената е околу 38.000 фунти, а веќе со наредното потомство цената расте на 121.000 милиони фунти.
Овој бивол првобитно го продал Жак Малан. Моментално е во сопственост на четири бизнисмени од Јужна Африка, и престојува на имотот на еден од своите сопственици, Пиет Ду То. Секој од овие бизнисмени има 25 проценти сопственост на Хоризон, и може да го пари со 10 крави годишно.
Со оглед на тоа дека неговата вредност е 175 милиони јужноафрикански ранди, Хоризон станал најскапиот бивол во историјата.
– Хоризон е бивол кој има најголем распон на рогови во историјата, тој е без болести, и è најголемиот бивол во историјата. Неговите потомци ќе се продаваат на други фарми во Јужна Африка. Хоризон е сега на нашата фарма и очекува крави на друг сопственик во јули – вели Пиет ду То.