Жанг Шенгву од источна Кина успеал сам да направи подморница, и покрај спротиставувањето на својата сопруга.
Неговата подморница може да плови 7 наутички милји на час, а дури и го патентирал целиот изум.
51-годишниот Шенгву, претприемач од провинцијата Анхуи, во слободно време сака да прави многу интересни работи. За оваа подморница, долга шест метри и широка околу 60 сантиметри, му биле потребни два месеци.
Признава дека било многу комплицирано да вгради адекватна опрема со кислород поради малиот простор. Поради тоа, подморницата може да плови само до еден метар длабочина.
Сепак, гледајќи го неговото пловило, добро е што може и толку.