Родителската љубов е безусловна. Но исто така и децата таа љубов ја возвраќаат со иста мерка. Сепак, оваа приказна е несекојдневна и толку емотивна, што тешко ќе издржите да не пуштите солза.
Тој е Нелсон Пепе од Филипини, работи на фарма за кокошки и заработува 9 долари дневно. Покрај тоа, Пепе е слеп па неговата 5 годишна ќерка со помош на стап му помага да дојде до работа, пишуваат медиумите.
Откако оваа снимка се појави на интернет, ја виделе фондациите ABS-CBN, па нивните челни луѓе ги потсетија Пепе и Џени. Тие му помагаат на ова семејство и се трудат да ги префрлат на некое место како би им го олесниле животот.