Секое лето сопствениците на кучиња мора да бираат и да внимаваат на која плажа ќе отидат и дали хотелот и апартманот кој сакаат да го изнајмат дозволува сместување на миленици.
Но, ако летувате во Хрватска годинава ќе имате и посебно кафуле за вашиот миленик.
Во Цриквеница е отворен првиот локал кој служи сладолед, пиво и чипс за кучиња.
„Минатата година сладоледот беше тотален хит. Пивото е така-така прифатено, а од оваа година имаме и кучешки чипс кој навистина е генијална работа и сите го сакаат,“ вели сопственикот на кафулето.
За разлика од кафулињата полни со луѓе, сопственикот вели дека тука нема пијани кавги.
Многумина му прогнозираа пропст на идејата, но задоволните кучиња му станале постојани купувачи.
„Секогаш велам дека е подобро да работиш до кучиња отколку со луѓе, така што се чувствувам почестен што ги служам нив.“
Со толку пристојни гости, ретко кој може да се пофали…