Доколку располагате со повеќе слободно време од вообичаеното ви предлагаме да го искоритсите за да направите уникатни новогодишни декорации со светки од кои вашиот дом ќе заблеска, срцето ќе ви биде полно со радост, а нема да потрошите многу пари кои ни се потребни за безброј потреби деновиве.
Издвојте неколку минути и погледнете како да направите целосна преобразба на атмосферата во вашето омилено катче.
Во следното видео ќе научите како да направите 4 типови на различни декорации, секако во ист стил и со слични ресурси. Погледнете како обичните чаши, шишиња за вино, пердуви и балони, може да ги претворите во прекрасни новогодишни декорации со светки.
Основен материјал кој вие е потребен за работа е најлонската подлога врз која ќе го создавате своето креативно дело. Најлонската подллога ќе ви послужи како заштита на основата, масата и подот врз кој што ќе ги правите лесните и интересни новогодишни декорации со светки. Потребно ви е лепило, четка за размачкување, светки во вашите омилени бои или бои кои се вклопуваат со домашната атмосфера, неколку украсни пердуви, средно големи балони, конец и украсно камче, и забавата може да започне…