Иако веруваме дека веќе сте го декорирале домот за празниците но доколку имате малку повеќе слободно време за викендов ние го имаме совршениот предлог за вас.
Станува збор за прекрасен Снешко којшто се изработува едноставно и брзо што дури и малите деца можат да го направат сами. А за да биде уште подобро, сето она што ви е потребно, веројатно веќе го имате во домот.
Основата на овие преслатки украси се состои во фини чорапи и ориз. А сето останато може да му го препуштите на вашата креативност и желби. Може да ги украсите со безопасни, шарени копчиња, машнички, па дури и малку да ги нашминкате.
Во секој од видео записите подолу се наоѓа детално упатство за тоа како може да ги изработите. Ниту е тешко, ниту е комплицирано, а веруваме дека добро ќе се забавувате ако ги правите заедно со вашите деца а резултатот ќе бидат уникатните украси кои добро ќе се вклопат на вашата елка.