Во Скопје почнаа да се одбројуваат деновите до отпочнувањето со работа на новата атракција во зоолошката градина – Дино Паркот. Вистинско освежување и новитет во зоолошката. Монтажата на овие праисториски реквизити е во тек и во паркот ќе има 41 диносаурус во природна големина, со Деновите до отварањето на Дино Паркот во зоолошката градина синхронизирани движења и ќе испуштаат звуци. Ќе има Тираносаурус, Стегосаурус, Алосаурус, мали диносауруси, како и мајки со бебиња и јајца.
Интересот за овој новитет е огромен и голем број на посетителите со нетрпение го очекуваат отпочнувањето на истиот.
Благодарение на иновативноста и посветеноста во работата на вработените во зоолошката градина како и на директорот Ѓорѓи Галетановски за три години успешно ја направија најпосетуваната институција во државава и прва станица на сите странски туристи.
Останува само со нетрпние да го очекуваме денот кога со задоволство ке го посетиме дино паркот и ќе уживаме во неговите изненадувања.