“Потрага по богатство: Островот на змиите“ од вторник на Discovery Channel

Спонзорирани линкови

На југоисточниот брег на Бразил, елитен тим на ловци на злато, следат нова теорија за да го откријат почивалиштето на легендарното богатство чија вредност се проценува околу 100 милиони долари.

Discovery Channel ја следи оваа експедиција која ги носи на место каде никој друг не се обидува да пријде, далечениот остров населен само со змии отровници, Queimada Grande, или попознат како островот на змиите.

Легендарната награда која ја поттикна оваа задача, позната како “Богатството на тројството”, им се лизгаше од раце на сите кои го барале во последните пет века. Во XVI век, португалските конквистатори се пробивале преку не истражената бразилска прашума и наводно украле огромна количина злато од древните Инки. Од тогаш луѓето пролеваат крв, палат села и ги избегнуваат гусарите и пиратите за да го пронајдат богатството, но тоа исчезнало и од тогаш станува легенда.

Овој тим истражувачи, наоружани со напредна технологија, ќе мора да решат низа сложени загатки кои со векови го штитат богатството. Ќе им се потребни челични нерви додека се борат со опасните временски услови, а секој погрешен чекор може да ги чини и живот. Нивната авантура може да ја проследите во серијалот “Потрага по богатство: Островот на змиите” кој започнува да се емитува од вторник, 15 септември во 20 часот.

Потрага по богатство: Островот на змиите

Интересни факти

  • Ilha de Queimada Grande, или островот на змиите е населен со илјадници најсмртоносни змии отровници на светот.
  • Иако е мала, едно каснување на змијата bothrops insularis може да предизвика откажување на бубрезите, некроза, цревно крвавење, крвавење во мозокот и на крај, смрт.
  • Змиите на овој остров немаат предатори, а единствен извор на храна им се птиците преселници.
  • Се проценува дека на островот живеат меѓу две до четири илјади змии од видот bothrops insularis, што е еквивалентно на една змија на секој метар квадратен.
  • Во обидот да се направи плантажа со банани на островот, на почетокот на XX век е запален цел остров за да ги отстранат змиите. Не успеале.
  • Последните луѓе кои биле на островот се работниците кои го одржувале светилникот кој се наоѓа на островот. Од 1920 е целосно напуштен, а светилникот е автоматизиран.
  • Секоја змија уловена на овој остров се продава за илјадници долари.
  • Sir Thomas Cavendish е легендарен англиски гусар и истражувач од XVI век, познат по патувањата низ светот на кои ограбувал пристаништа и бродови по пат. Легендата кажува како Cavendish го сокрил богатството некаде во близина на брегот на Бразил за да го заштити од неговите прогонувачи, со надеж дека еден ден ќе се врати по него. Тој ден никогаш не дошол, а богатството е и ден денес изгубено.
  • Gerhard Fisher во 1931 го добил првиот патент за преносен детектор на метали. До тој момент главната намена на детекторите е пронаоѓање на злато. Од тогаш служеле за чистење на нагазните мини и бомби кои биле расфрлани низ цела Европа после Првата светска војна.
  • Paul Thiry бил белгиски инженер и математичар кој се опседнал со “Богатството на тројството”, и посветил 40 години за да го пронајде. Не успеал во намерата и починал во 1979 година.
Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford