Глобална телевизиска премиера на филмот „На работ на изумирањето“

Спонзорирани линкови

Discovery Communications го прикажуваат документарецот на оскаровецот Луи Сајхојос на ист ден во 220 земји и територии со досег од 2,7 милијарди луѓе, а се со цел поттикнување промени за спас на животот на Земјата.

 

Discovery Communications претставува историски телевизиски настан, глобалната премиера на филмот ,,На работ на изумирањето“ (Racing Extinction), закажана на 2 декември во 21 часот во 220 земји и територии каде се емитува. Прикажувањето ќе започне од Нов Зеланд и ќе продолжи преку сите временски зони и цела земјина топка.

Оскаровецот Луи Сајхојос, собира тим експерти со цел укажување на загрозеноста на животинските видови и нивна заштита од масовно изумирање. Патувајќи низ целиот свет успешно се инфилтрира во некои од најопасните црни пазари и со најсовремена технологија ја документира врската меѓу емисијата на јаглен диоксид и изумирањето на видовите.

Научниците предвидуваат дека човекот ќе предизвика губење на 50% од сите видови до крајот на векот. По петтото изумирање кое е означено со исчезнувањето на диносаурусите, тие веруваат дека сме навлезени во шестата ера на изумирање во историјата на Земјата. Нашата ера наречена Антропоцен или „доба на човекот“, покажува дека човекот предизвикал катаклизмички промени на околината и животинскиот свет, но од друга страна сме и единствените кои може да ги запреме промените кои сме ги создале.

„Овој проект го актуализира најважниот проблем со кој светот мора да се соочи, а тоа е губиток на биолошкиот диверзитет до епски размери. Верувам дека со помош на Discovery може да допреме до луѓето и да ги покренеме промените за да ја зачуваме планетата и видовите кои живеат на неа“-изјави режисерот Луи Сајхојос.

„Филмот треба да го погледнат сите луѓе на светот, затоа што ја покажува сериозната закана со која се соочува нашата убава сина планета. Уште поважно, покажува како сите заедно, ако тргнеме од една работа, можеме да ја оставиме планетата и поздрава од претходно“-изјави Џон Хофман, извршен потпретседател на документарната програма на Discovery Channel.

Никогаш не е прикажан филм како овој, филм кој ќе ве поттикне да се сочувствувате со нашата планета. Луи Сајхојос поткрена амбициозна мисија, за јасно да ни го стави во фокус човековото влијание врз изумирањето на видовите, истовремено инспирирајќи не да ги прифатиме решенијата кои ќе осигураат успешен и разновиден свет за идните генерации. Премиерата на филмот „На работ на изумирањето“ ќе го привлече вниманието на целиот свет и ќе покаже како човековото влијание ве води кон шестата доба на изумирање на Земјата. Во наредните 100 години, светот би можел да изгуби 50% од сите диви видови. Само во последните 100 године исчезнаа 90% од гепардите и дури 97% од популацијата на тигрите. Морски желки, леопарди, носорози и орангутани се некои од бројните видови чии денови се одброени ако не преземеме нешто. Овој интензивен документарен еко-трилер е снимен со тајни операции и со помош на врвна технологија открива илегално тргување со растителниот и животинскиот свет. Истовремено, животниот стил на човекот и индустрискиот свет кои го создадовме доведе до масовно изумирање. Моменталните нивоа на емисија на јаглен и киселоста на океаните не се соодветни за зачувување на биодиверзитетот.

На 2 декември во 21 часот, гледајте го „На работ на изумирањето“ заедно со целиот свет и покренете ги промените.

#StartWith1Thing кампања

Заедно со премиерата на „На работ на изумирањето“, Discovery ја покрена и светската иницијатива и кампања #StartWith1Thing која е насочена кон зачувување на видовите и повикува на акција која ќе ги покрене гледачите да направат „1 работа“ за да ја спасат планетата на која живеат.

#StartWith1Thing настојува да го обедини светот околу едноставните промени на животните навики кои можат многу да помогнат на загрозените видови и околината, но и на целото човештво. Discovery ќе ја искористи глобалната премиера и придружните платформи, вклучувајќи и содржина одберена за оваа пригода, дигиталните и социјалните медиуми, виртуелната реалност и заедно со своите партнери ќе ја поттикне љубопитноста и глобалната акција со која секој може да ја преземе нешто во своите средини: борба против трговијата со дивите животни, снижување на емисијата на јаглеродниот диоксид преку користење на зелена енергија, начинот на транспорт, поддржување на зелените акции, консумација на помалку месо итн.

Кампањата ќе поттикне индивидуални акции со цел докажување на влијанието кое може да се направи кога успешно ќе ги обедините луѓето во една глобална заедница. Гледачите ќе бидат мотивирани да најдат инспирација за сопствената „1 работа“ која треба да ја преземат со посетување на #StartWith1Thing рубриката на страната racingextinction.com. Гледачите ќе може да одберат „1 работа“ и ќе им биде понуден избор од дневни, неделни и месечни активности како и можност за следење на напредокот на светот по ова прашање.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford