Серијата за Линдзи Вон ексклузивно на Еуроспорт на 5 февруари

Спонзорирани линкови

Скијачката звезда Линдзи Вон ќе овозможи на обожавателите уникатен пристап во нејзиниот живот во серијата Chasing History (Лов на историјата) која премиерно ќе се прикаже на Еуроспорт на 5 февруари, недела, во 19 часот.

Серијалот ја следи најуспешната спуст скијачка, додека се обидува да го оствари својот сон и да го сруши рекордот во број на победи во трки на Светскиот куп и по четврти пат да настапи на Олимписките игри.

Првите епизоди ја прикажуваат агонијата на Линдзи Вон по падот и кршењето на коските на десната рака во ноември минатата година. Гледачите ќе имаат можност да го следат нејзиното опоравување од операцијата, рехабилитацијата и враќањето на скијањето. Овие ексклузивни снимки ќе ја приближат спортската легенда до обожавателите, како на снежната патека, така и надвор од неа.

„Кога во октомври минатата година го најавивме овој проект, им ветив на гледачите на Еуроспорт дека ќе им овозможам уникатен увид во мојот живот, на патеката и надвор од неа. Знаев дека ме чекаат многу предизвици, но не очекував дека веднаш на почетокот ќе морам да се соочам баш со таков предизвик. Снимањето само што започна, а јас ја скршив раката. Во првите епизоди гледачите ќе можат да го следат моето опоравување и мојата одлучност да се вратам на скиите, бидејки камерите на Еуроспорт ме следеа секој момент. Повредите се дел од животот на секој спортист, никогаш не знаеш што те чека. Навикнав да ги пребродам тешките моменти, но ова беше најтешко досега. Беше фрустрирачко, но сега се враќам и сум фокусирана на својата цел- рушење на рекордот на победи на Светскиот куп и настап на Олимписките игри. Еуроспорт ја следеше мојата кариера од првиот ден и ми е драго што гледачите на Еуроспорт ќе ме следат во ловот на историјата“, изјави Линдзи Вон.

Првите две епизоди со траење од по 30 минути, лично ќе ги води олимписката победничка, а ќе се емитуваат на 5 февруари во 19 часот. Премиерата го обележува враќањето на Линдзи на натпреварувачкото скијање во Алтернмаркт-Зауензе, каде го заврши својот спуст на 13 место, потоа Гармиш Партенкирхен и Кортина Д’Ампезо, каде Вон минатата година го сруши рекордот Ан Мосер-Прол на Светскиот куп со својата 37 победа.

„Лов на Историјата“ ќе се емитира на сите Еуроспорт канали и платформи, вклучувајќи го и Eurosport Player – услуга на барање на ексклузивна содржина во живо.

Еуроспорт, новиот дом на Олимписките игри во Европа, ја најави соработката со скијачката во октомври 2016. Целта е на навивачите да им се приблиќи начинот на кој Линзи живее надвор од скијачките терени, како се опушта во кругот на семејството и пријателите, нејзините лични страсти, како и увид во психичката состојба на спортистката која тежи кон спортска бесмртност.

Питер Хатон извршниот директор на Еуроспорт изјави:

„Линдзи е вистинска глобална звезда која својата кариера ја посвети на скијачките патеки и стана пример на милиони луѓе ширум светот. Гледачите во првите две епизоди на серијалот на 5 февруари ќе откријат зошто е тоа така и ќе ја следат како се справува со несреќата онака како само прваците тоа го прават. На сите платформи на Еуроспорт, нејзините навивачи ќе имаат увид како оваа светска спортистка тренира, подготвува и се се носи со предизвиците во нејзиниот лов на историјата.“

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford