Блескавата насмевка инстантно привлекува и е сигнал за добро орално здравје. Редовните посети на стоматолог и миењето на забите се од суштинско значење за здравјето на забите, но и консумираната храна има голема улога во одржувањето на денталната хигиена. Додека некои видови храна повеќе ги уништуваат забите или им оставаат дамки, други ги чистат забите, ги убиваат бактериите во усната шуплина и штитат од кариес. За овие и сите работи околу здравата насмевка оваа недела разговараме со Д-р Маријан Стојановски, стоматолог во ПЗУ Д-р Стојановски.
Од своето долгогодишно искуство, која е Вашата оценка колку луѓето во Македонија се грижат за здравјето на својте заби?
-Во Македонија лугето се грижат за забалото, но, нема да згрешам ако кажам дека во голем број случаи тоа е недволно. Инциденцата или појавата на кариес е сеуште на виско ниво за разлика од Западно-Европските земји,така да има простор во унапредување на и хигиената и во елиминирање на штетните навики на граѓаните.
Кои се најчестите заболувања кај малите дечиња?
-Број еден заболување на забите кај децата е секако појавата на кариес. Во Македонија сеуште има родители кои се со став дека млечните заби не треба да се четкаат бидејки ке се менуваат. Тоа е погрешно и од тука започнуваат сите проблеми понатаму.
Каков е случајот кај повозрасните пациенти, кои се најчестите заболувања кај нив?
-И кај возрасните кариесот е број еден проблем. Број два проблем е воспаленитето на меките ткива.И двата проблеми се комбинација на нередовна хигиена и штетни навики, како кафе,цигари,чоколади итн…
По колку заби со кариес во просек има еден возрасен, а колку децата?
-И кај возрасните и кај децата сликата е иста, или имате неодржувано, несанирано забало во кое има и кариес и инфекции или имате санирано ,чисто и одржувано забало без кариес и воспаленија.
Познато е дека храната има влијание врз здравјето на забите ,која храна треба да се избегнува , а што повеќе да се конзумира?
-Нема да кажам ништо ново ако го повторам тоа што сите го знаеме ,а тоа е дека треба што повеќе да се избегнуваат готови шекери и дека треба да јадеме разновидна и свежа храна, но навиките во исхраната се сменети, лугето се помалку јадат, соџвакуваат свежо овошје и зеленчук, а се повеке храната се блендира. На тој начин немаме физиолошко самочистење на забите. Блендираниот оброк (напиток) ги ослободува шекерите и останатите материи уште во усната празнина и овој тренд доколку е секојдневен и долготраен со сигурност ќе направи несакани промени во устата.
Како да стекнеме примерна навика кај најмалите?
-Најголем пример за децата сме ние родителите,се што правиме тие во развојот впиваат и понатаму истото ке го прават. Ако ние редовно ги четкаме забите и се грижиме и тие ке четкаат и ќе стекнат здрави навики.
Која е најправилната техника на миење на забите и на што треба да се обрне внимание при купување на подобри четки?
-Има мноу техники на четкање и сите се добри, би се задржал на времетраењето на четкање. Тоа многу често е прекратко и недоволно.Затоа четкајте убаво барем три минути ,со било која техника се ке исчистите. За купувањето на четките нема да згрешите доколку користите професионални програми за орална хигиена. Цела моја досегашна кариера, довербата ја дадов на LACALUT DR.THEISS програмата, низ годините се уверив дека тоа навистина им помага и нуди придобивка на пациентите од сите возрасти.
Што подразбира здравата насмевка кај една индивидуа?
-Здрава насмевка, или широка насмевка полна со заби влијае многу во самодовербата и кај мажите и кај жение. Негувано или санирано забало е одлика на секоја урбана индивидуа.
Како приватна здравствена ординација, делувата на подигнување на свеста за грижата за оралното здравјекај вашите пациенти?
– Секој пациент што ја дал довербата на тимот во Д-р СТОЈАНОВСКИ по завршената работа е испратен со совет за унапредување на оралното и општото здравје.
На колку месеци е задолжителна контрола на стоматолог?
– Во принцип се оди на шест месеци но во зависност од состојбата и ситуацијата на која наидуваме кај поедини пациенти таа може да биде и на пократок рок како на пример на три или четири месеци.
Од која возраст препорачувате да се користи четка за заби?
-Четкање на забите започнува со појавата на првото запче во устата.
Што е подобро според вас употреба на интердентална четка или забен конец?
– И конец и четка, на кој како му е попријатно.
Кои соматолошки услуги можат да се добијат кај вас?
– Сите превентивни и терапевтски услуги кој што се составен дел од една модерна стоматолошка пракса.
Како се справувате со упаничените пациенти и пациенти кои имаат страв?
-Модерната стоматологија е во 90% од случаите комплетно безболна. Пациентите со паничен страв кај нас после првата посета се без страв и комотни да ги довршат наталожените стоматолошки проблеми.
Најдолгата и најкомплексна интервенција од што се состоела и колу траела?
-Тимот на Д-р СТОЈАНОВСКИ е обучен да работи интервенции од повеке гранки во стоматологијата, но најдолга и најомплексна инервенција може да биде и работа со детенце кое не соработува. Нема ништо поблагодарно од тоа да се санира заедно болка кај детенце.
Дали вашата ординација работи со Фондот за здравство?
-Да , ПЗУ Д-р СТОЈАНОВСКИ има склучено договор со ФЗОМ.
Која е најмодерната и најактуелната стоматолошка услуга што најчесто е побарувана кај вас?
-Тимот на Д-р СТОЈАНОВСКИ ,ги прати трендовите во стоматологијата ,како активен учесник на сите балкански, некои европски и светски конгреси на кој ја презентираме нашата клиничка работа. Трендовите во имплантологијата,естетската протетика,денталната козметика и можеби најважното – санација на болката се наш постојан инерес. Прилично е актуелна имплатологијата кај пациентите. Затоа ние имаме посебен пристап во имплантологијата ,посветени сме на унапредување на нашата инплантолошка работа,учествувајки во работата на минимално инвазивни техники на SCHUTZ DENTAL GRUP, преставени во Македонија од ВЕЛИДЕНТ ТРЕЈД. Премиум имплантот IMPLA, како стабилен германски бренд секогаш ги оправдува нашите максимални заложби при секоја имплантолошка инервенција.
Ул.Партизански одреди 17/1
1000 Скопје
ТЕЛ:02 32 33 111