BC Генерација е групација која ни доаѓа од Охрид. Составена од групите Bad Contract, Black & White, Црна Тројка, Мотивација и артистот Ноки (Уличен Аспект).
Тие деновиве ја издадоа песната „BC Генеро“ која е првата трака на која се сите членови, а воедно е и најава за албумот кој треба да излезе во 2016-та.
Аудио продукцијата е на M.W.Production – Охрид, видеото го има израбтено Zati Production, додека деловите се пишувани од страна на самите артисти кои се појавуваат во спотот.
Спотот е снимен на две локации во Охрид и ќе можете да го погледнете на линкот под содржината, а доколку сакате да слушнете повеќе траки од групите наведени погоре , тоа може да го направите нивните Youtube каннали, овде и овде…