Унгарската музичарка Моника Мицура, позната како Митсоу реагирала со тужба против Бијонсе, Џеј Зи и продуцентот Тимбаленд, поради песната “Drunk in Love”, и тврди дека во неа се користени делови од нејзиниот хит од 1995. година. “Bajba, Bajba Pelem”.
Во тужбата Митсоу тврди дека Бијонсе, Џеј Зи и продуцентот Тимбаленд ја украле ромската фолк песна снимена во 1995. година, односно ги искористиле првите 13 секунди во песната “Drunk In Love”.
Таа истакнала дека за тоа никогаш не им дала дозвола, а како најлошо го оценува тоа што “Бијонсе го искористила делот за да разбуди еротичност со помош на интензивни зборови”.
Таа утврдила дека триото морално ја уништило песната “Bajba, Bajba Pelem” и дигитално го изманипулирало нејзиниот глас.