„Eгзит“ авантурата повторно на врвот во Европа!

Спонзорирани линкови

На овогодинешното доделување на Европските фестивалски награди за 2014 година, морското издание на „ЕГЗИТ“ (EXIT) Авантурата, „Си Денс“ (Sea Dance) во Будва е прогласен за најдобар европски фестивал во категорија до 40.000 посетители дневно!

 

За фестивалските „оскари“, гласале рекордни 1,2 милиони фестивалски фанови, кои заедно со новинарите и експертите од музичката индустрија, синоќа на церемонијата во холандскиот град Гронинген ги прогласија победниците во 12 главни и три специјални категории. Во изборот за главната награда во категоријата над 40.000 посетители дневно, минатогодишниот победник „ЕГЗИТ“ фестивал, се најде меѓу првите три во Европа! Во конкуренција со повеќе од 400 европски музички фестивали, како и 12 финалисти од 9 земји, „ЕГЗИТ“ зад себе ги остави и фаворитите како што се германскиот „Рок ам Ринг“ или данскиот „Роскилде“.

Наградата му беше врачена на директорот на „ЕГЗИТ“ и основачот на „Си Денс“ фестивал, Душан Ковачевиќ, кој во оваа пригода им се заблагодари на сите кои своите гласови ги испратија за Петроварадин и Јаз: „По наградата за ’ЕГЗИТ’ во 2014 година, да се прими вакво признание за ’Си Денс’ оваа година е знак дека концептот ’ЕГЗИТ’ Авантура е одлично прифатен од страна на публиката од целиот свет. Станува збор за единствен концепт на светскиот фестивалски пазар со два фестивала во рамките на една голема Авантура.

Постигнат е историски успех, бидејќи прв пат се случува дебитантското издание на еден фестивал да освои волку значајна награда. Новата награда е уште една поддршка за напорите кои тимот на „ЕГЗИТ“ ги вложува со цел да го поврзе целиот регион, но и Србија и целиот Балкан да ги препознаат креативните индустрии и туризамот како вистинска можност за нивниот развој и економски раст“.

Манифестацијата „European Festival Awards“ е дел од програмата на големата европска конференција „Еуросоник Нордерслаг“ (Eurosonic Noorderslag) која секоја година ја посетуваат над 3.200 делегати и претставници на 400 фестивали од Европа, со настапи на стотина идни музички ѕвезди на околу 50 локации! На истото место беше препознат како талент и вчера наградениот Најдобар нов изведувач „Стромае“, кој настапи на главната бина на „ЕГЗИТ“ фестивал минатото лето.

Ова лето „ЕГЗИТ“ авантурата почнува на Петроварадинска тврдина на 9 јули, и ќе трае десет дена, сè до 18 јули на плажата Јаз во Будва! „ЕГЗИТ“ го слави својот 15. роденден, а познати се и првите потврдени хедлајнери како што се „Моторхед“ кои со публиката ќе прослават 40 години неуморно творење, како и Адам Бејер, кој на „Денс Арена“ ќе прослави две децении опстојување на светската техно сцена.

Потврдени се уште и популарните калифорниски рокери „Иглс оф дет метал“, германскиот техно великан Крис Либинг, детроитскиот техно тандем „Октав уан“, домашната супергрупа „Шкртице“ која ја предводат Зоран Костиќ Цане од „Партибрејкерс“ и Борис Младеновиќ од „Јарболи“, а наскоро ќе бидат објавени и бројни други изведувачи кои ќе настапат на повеќе од 30 фестивалски бини од Петроварадин до Јаз!

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford