Дамата со камелии

Спонзорирани линкови

 Датум:28.11.2014
 Времетраење: 08:00 pm – 10:00 pm
 Место: МОБ Скопје
 Влезница: / денари
 Резервација: 02/3118 – 451, www.mob.com.mk

 Опис:
Билетарница тел.: 02/3118 – 451 Онлајн: www.mob.com.mk

Напомена: Заради градежни зафати, влезот во МОБ е по скалите од кај магацинот на „Зегин“

Кореограф: Василиј Медведев (Русија) Диригент: Ѓорѓе Павловиќ (Србија) Сценограф, kостимограф и дизајн на светло: Павол Јураш (Словачка) Асс. кореограф: Станислав Фечо (Чешка) Светло мајстор: Васил Лисичов Репетитори: проф. м-р Тања Вујисиќ Тодоровска, д-р Снежана Филиповска, Лора Тарчуговска, м-р Олга Панго Главни улоги: Маргарита: Александра Мијалкова Арман: Васил Чичијашвили (Грузија) УЧЕСТВУВАAT СОЛИСТИ, БАЛЕТСКИОТ АНСАМБЛ И ОРКЕСТАРОТ НА МОБ THE LADY OF THE CAMELLIAS (Ballet) Choreography: Vasily Medvedev (Russia) Conductor: Gjorgje Pavlovikj (Serbia) Set Design, Costume Design and Light Design: Pavol Jurash(Slovakia) Ass. Choreograpy: Stanislav Fecho (Czech Republic) Repetitors: Prof. MA Tanja Vujisikj Todorovska, dr Snezhana Filipovska, Lora Tarchugovska, MA Olga Pango CAST: Marguerite: Aleksandra Mijalkova Аrmand: Vasil Chichiashvili (Georgia) PERFORMING CORPS DE BALLET AND ORCHESTRA OF MOB ДАМАТА СО КАМЕЛИИ Либрето: Јана Темиз ПРОЛОГ Собата на Маргарита: Арман во раката држи цвет од камелија. Тажен е. Неговата љубов веќе не е меѓу живите. Од огледалото се појавува привидение на неговата сакана. Арман не може да поверува во чудо, но за жал тоа е само илузија. Сенката исчезнува. На Арман му остануваат само тажни спомени. I ЧИН 1 Слика Бал. Дами и господа, меѓу кои се и анимир дами со своите клиенти, играат, разговараат. Паровите се одалечуваат и се враќаат. Арман е наивен млад човек. Маргарита го привлекува неговото внимание и веднаш, на прв поглед, тој се заљубува во неа.Се обидува да дојде до девојката. Маргарита го прифаќа неговото додворување. Арман е возбуден. Дознава дека Маргарита е болна. Тој и помага. Си признава дека ја сака. Заминуваат од балот заедно. 2 Слика Арман и Маргарита се во Париз. Улицата е преполна со минувачи. На заљубениот пар им приоѓаат цвеќарки. Една по една им нудат разно цвеќе: рози, лилјани, јоргован. Арман купува камелии. Маргарита е пресреќна. Го носи букетот со камелии знаејќи дека Арман ја сака. Му возвраќа со своите емоции. Цветови од камелиите става во својата коса, на фустанот, во реверот на Арман. Среќни се. . . Камелиите стануваат симбол на нивната љубов. 3 Слика Собата на Маргарита. Маргарита го испраќа Арман откако заедно ја поминале ноќта. Сама е и среќна сонувајќи за својата љубов. Слугинката и најавува посетител. На гости и доаѓа еден од поранешните клиенти, нејзин мецена. И нуди пари за љубов. Маргарита го одбива. Таа повеќе не сака да ја продава својата љубов. Неочекувано се враќа Арман! Го набркува соперникот. Маргарита признава дека го сака само него. Арман ја моли и бара од неа да се откаже од својот поранешен живот и заедно да отпатуваат од Париз. На село во природа ќе оздрави и ќе биде среќна. Млади и заљубени, полни со надеж безгранично сакаат да започнат нов живот. II ЧИН 4 Слика Арман и Маргарита се на село. Слугинката им најавува луѓе кои дошле по својот долг. Арман бргу излегува да ги пречека. 5 Слика Се појавува татко му на Арман. Се обидува да ја наговори Маргарита да го остави Арман. И нуди нараквица со брилијанти. Избезумена, Маргарита го одбива и ја фрла нараквицата на под. И се слошува. Таткото ја сфаќа ситуацијата – таа навистина го сака неговиот син и е многу болна. Маргарита разочарана му ветува на Армановиот татко дека ќе го напушти својот љубовник. Му пишува проштално писмо, става цвет од камелија во писмото и без оглед на болеста се враќа во Париз и на својот претходен живот. Добивајќи го Маргаритиното писмо, Арман е очаен. 6 Слика Во Париз се е вообичаено. Повторно бал.. Маргарита е опкружена со своите обожаватели и клиенти. Љубовта оставила длабока трага на неа -таа е поинаква, тажна и ништо не ја интересира. Доаѓа Арман. Сака да ја заборави Маргарита и не очекува дека ќе се сретне со неа. Забележувајќи ја и приоѓа и ја обвинува дека била со него заради пари. За да ја понижи и дава пари. Маргарита понижена и очајна заминува од балот. 7 Слика Собата на Маргарита. Таа се вратила од балот скршена од болка и понижена. Тешко е болна. Тагува во самотија претчувствувајќи ја својата смрт. Слугинката и ја подготвува постелата. На Маргарита и е сè полошо. Во претсмртната агонија го гледа Арман – како да се враќа во среќните денови на нивната љубов. За жал привидението исчезнува. Маргарита е исцрпена, несреќна и сама. Го прегрнува букетот со камелии кои и будат спомени. Силата ја напушта и таа умира.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford