Безвременско патување низ животот и колоритна патувачка авантура во Индија

Спонзорирани линкови

Оваа недела на кино репертоарот ни пристигаат „Безвременската Аделина“ и „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2“

„Кажете ми нешто што засекогаш ќе вреди и никогаш нема да исчезне“ – Аделина.

Родена пред почетокот на XX век. Аделина Боуман не сонувала дека ќе го види почетокот на XXI век, се додека наизглед еден магичен миг не ја спаси од смртта и ѝ подари вечна младост. Со 29 години, Аделина престанала да старее и започнала да живее живот кој никој досега не го искусил.

Судбината ќе ја испрати на едно долго патување кое трае десетолетија. Живеела и љубела за време на двете светски војни, лудите 60ти и за време на удобностите на денешницата. Внимателно ја криела својата тајна од сите, освен нејзината ќерка која секој ден стареела.

Сите промени ги сфатила достоинствено, додека една поранешна врска не и застанала на патот на сегашната љубовна шанса и се заканила дека ќе ја открие нејзиното неверојатно минато. Актерката Блејк Лајвли, која ја толкува Аделина, знаела дека наишла на воодушевувачка авантура и безбременска љубовна приказна кога го прочитала сценариото: „Не сакав да го испуштам од рака. Напишано е како прекрасен роман. Приказната е романтична, поетична, единствена. Оригинална приказна раскажана од женса перспектива.

Толку многу поминала и длабоко проживеала за време на едно на најразноликите столетија во човековата историја. Знае што е љубов, загуба, болка и среќа.“ Продуцентите Том Розенберг и Гери Лучеси препознале потенцијал во сценариото. Розенберг изјавува: „Во ова сценарио ми се допадна баш сѐ. Вистинска љубов, каква не гледате често, со која вреди да остарете и поради која вредно е да умрете. Без тоа животот губи секаква смисла.“ Иако „Безвременската Аделина“ започнува со фантастични претпоставки, набрзо ќе постане јасно дека тоа е уметнички осврт на патувањето низ животот.

Лучеси вели: „Тој припаѓа на категоријата магичен реализам.“ Британската комедија „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд” од 2012 г. претставуваше вистинско освежување во форма на приказна за група британски пензионери кои тргнале во авантура, со постава која ја сочинуваа славни и искусни британски актери.

Главните јунаци донесоа храбра одлука пензионерскиот живот на островот да го продолжат во Индија во „луксузниот дом за зрели години“.

Нивната авантура продолжува, а „Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2“ ќе се најде на репертоарот од 23 април. Режисерот Џон Маден ја собра оригиналната постава која ја предводат Џуди Денч, Меги Смит, Бил Наји и Дев Пател, а новите лица се Ричард Гир и Темзин Грег. Сред Раџастан, една од најсиромашните индиски држави, Сони (Дев Пател) фрлил око на еден имот, бидејќи во неговиот прв потфат Најдобриот егзотичен хотел Мариголд „за постари и убави“ останала само една слободна соба, што претставува проблем за новите гости Гај (Ричард Гир) и Лавинија (Темзин Грег).

Додека мечтае за новиот хотел, Сони планира брак со Сунаина (Тина Десаи), која е љубовта на неговиот живот. Во месеците меѓу монсунските дождови и летната жештина, цела Индија се претвора во огномет од бои и славје, бидејќи тоа е сезоната на венчавки. Индиските венчавки се настан од огромна важност – не се венчава само заљубениот пар, туку се спојуваат и нивните семејства и венчавките во Индија никогаш не се скромен, интимен настан, туку претставуваат голема прослава на која присуствуваат сите од животите на младенците.

Режисерот Џон Маден ангажирал локален планер на венчавки, кој му помогнал околу сите детали за венчавката на големото платно да изгледа автентично. Маден од самиот почеток го замислувал танцот како важен дел од приказната, со оглед Cineplexx Skopje City Mall Љубљанска 4, 1000 Скопје www.cineplexx.mk на тоа што Сони сега се наоѓа во ситуација која мнозинството од Индијците со задоволство ја прифаќа. Меѓутоа, неговата несигурност испливува на виделина.

На филмот работел кореографот Логинус Фернандес, а главната тема за централниот танц во филмот е песната од боливудскиот хит-филм Jhoom Barabar Jhoom. Дев Пател го прокоментира танцот: „танцувањето е важен дел од индиската венчавка и танцот на младенците со семејството има централно место во свадбата. Со Ол Паркер разговарав како не сакам да танцувам.

На моја среќа Сони успеа да се снајде и сега танцувам како Траволта. Верувам дека гледачите ќе уживаат во сцената со танцот на крајот во која сите танцуваат”.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford