Од денеска започнува Пиволенд: Се што треба да знаете за фестивалот

Спонзорирани линкови

Гурманскиот викенд со пиво- Пиволенд прерасна во препознатливбренд и веќе 8 години по ред на крајот од летото е заштитен знак на градот Скопје.

Зеленилото и незаборавната атмосфера на вековната туристичка атракција- Скопското Кале го создаваат автентичниот амбиент на овој традиционален фестивал.

Преку 50 пивски брендови на 20 штандови распоредени по скопската тврдина, најдобрите угостителски објекти во Скопје со штандови за храна и мезе и за првпат пивски коктели. Тоа е она што ќе ја обележи осмата година на Пиволенд.

Секако и музиката како неизбежен дел од фестивалот ќе придонесе за што подобро расположение на Кале. Според зборовите на публиката, Пиволенд 2015 можеби е досега најдоброто издание на фестивалот гледано од музичка перспектива. Еден куп урбани, докажани, но и млади бендови за кои што допрва ќе слушнеме се дел од осмото фестивалско издание. Од странските изведувачи тука е најдобриот диџеј во Југоисточна Европа, најпознатиот српски продуцент и технаџија- Марко Настиќ.

Данската атракција Блендед Бру кои ги освоија симпатиите на македонците на Баскерфест, воодушевени од македонската публика повторно се враќаат со свој концерт на Пиволенд. Една од свирките кои не смеете да ги пропуштите на Кале е таа на Лемон Бакет Оркестра, составот кој брои 15 членови и доаѓа од Канада. Воодушевени од балканскиот мелос, овој голем бенд својата музика ја темели на ритми од Македонија, Србија, Романија, Босна.

Хрватскиот бенд Бркови е воодушевен од нашата земја и едвај чекаат да настапат. Тие секојдневно постираат се што е поврзано со Македонија и Пиволенд. Нивните барања за Скопје се скромни- бараат по две тегли ајвар за секој член на бендот. Научија дури и чист македонски за да ги поканат сите фанови да присуствуваат на нивниот настап во сабота (05.09).

Македонските изведувачи се застапени во најголем број и навистина избрани се музичари кои се одлични промотори на нашата музика низ целиот свет. Од организацијата велат дека целта им е што повеќе да се промовира македонска музика, бидејќи нашите музички уметници навистина имаат што да покажат.
Оваа година на фестивалот ќе има три стејџа- главната бина, Бла Бла стејџот за алтернативни бендови и стејџот во Пивница Стар Град под Кале- вкупно ќе има над 100 изведувачи.

Вечерва програмата ја отвара раперот Шинтер како победник на конкурсот за млади изведувачи. По него следуваат Марлон Брандо, Д.Н.О, Тони Зен и Флека, Блендед Бру и за крај дј Марко Настиќ.

Од пиварите пак ветуваат промотивни цени на пивата, речиси сите штандови нудат промоции и пакети со гратис пива.

Организаторите „Темов” и град Скопје ве канат да го посетите најпознатиот пивски фестивал и да дегустирате и конзумирате одговорно, а секако доколку го правите тоа да не возите, туку да користите градски јавен превоз и такси.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford