„2Cellos“ доаѓаат во Скопје

Спонзорирани линкови

Супергрупата од двајца, 2CELLOS (Ту Челос) на Лука Шулиќ и Стјепан Хаузер, познати како Хрватите кои го освоја целиот свет, доаѓа во Скопје на 04. декември.

2CELLOS ќе настапат на сцената на Метрополис Арена, во рамки на оф-програмата на Таксират Фестивал. Овој исклучителен музички настан ќе се одржи во рамки на фестивалот кој за своето 17 издание подготвува програма која ги задоволува различните музички вкусови, а концертот на 2CELLOS гарантира незаборавно доживување и за оние најпрефинетите. Дотолку повеќе и поради задоволството што групата прв пат настапува во Скопје и тоа во атмосфера и арена која најмногу доликува за спектаклот кој таа го приредува.

“Ако сакате да видите нешто навистина неверојатно, гледајте ги 2CELLOS во живо. Зачудувачки е! Не сум видел ништо повозбудливо од времето кога во ’60-те го гледав Џими Хендрикс.” вели Сер Елтон Џон за 2CELLOS.

Маестралните 2CELLOS во светот “експлодираа” како Јутјуб сензација во 2011-та, по видеото во кое на две виолончела свират преработка на Мајкл Џексон. Скромниот и јасен спот за десетина дена беше прегледан 3 милиони пати и… останатото е историја. Виртуозите од малата Хрватска се вивнаа во поп светот, следуваше гостување во ток шоуто на Елен Деџенерис (два пати во само шест месеци) и појавување во емисијата на Џеј Лено. Шулиќ и Хаузер како 2CELLOS гостуваа и во екстремно популарната музичка серија „Glee“ (Гли), во чија историја влегуваат како првите гости со инструменти во вокалното шоу. Токму таа изведба на „Smooth criminal“ на кралот на попот, во придружба на актери од „Glee“ дебитираше на Жешката Билборд Топ 100 листа на неверојатното 10-то место.
Во Јапонија се најмногу познати, каде што добија награда за најдобар инструментален албум во 2014-та. Во Македонија ќе дојдат после целомесечната турнеја низ Земјата на изгрејсонцето, а дополнително ќе настапат и во Кореа, Сингапур и Хонк Конг. Во последнава година бележат настапи по најважните европски музички центри – Берлин, Милано, Лондон, Виена…. инаку на домашен терен во арената „Лисински“ во Загреб, закажаа еден концерт кој што беше веднаш распродаден, па мораа да закажат втор.

Но, ништо не може да се спореди со учеството на Лука и Стјепан во светската турнеја на Сер Елтон Џон и неговиот бенд, во кој Хрватите беа вклучени по силно инсистирање на самиот Елтон. 2CELLOS беа дел од „ол стар“ составот на Сер Елтон Џон на стотици настапи по светот и задолжително се појавуваа на концертите на англискиот хитмејкер во хотелот „Цезарс Палас“ во Лас Вегас.

До сега имаат издадено три албуми: „2CELLOS“ во 2011-та, „I2ition“ (Интуишн) во 2013-та, плоча потпишана од славниот Боб Езрин, продуцент кој соработувал со Пинк Флојд, Питер Гебриел, Лу Рид и многу други. На овој албум на 2CELLOS гостуваат Стиви Ваи, Наја Ривера, Ланг Ланг и Цукеро и секако Сер Елтон Џон..

На почетокот на годинава го издадоа третиот – „Celloverse“ (Человерс) каде покрај преработките на поп песни во препознатливиот стил, Лука и Стјепан додадоа и авторски материјал.

Она што е еднакво импресивно за Лука и Стјепан е величината на нивната кариера во сериозната музика. Двајцата многу мали почнуваат да свират, се развиваат како исклучителни таленти и двајцата се образоваат во елитни училишта и академии во Британија и САД. Националните хрватски и меѓународни награди на Лука и Стјепан не се бројат, а нивната виртуозност со воодушевување е прифатена и од кралеви и кралици и од принцеви и принцези. Речиси и да не постои престижна концертна сала во светот каде момците не измамиле громогласни аплаузи. Од Нов Зеланд до Америка, 2CELLOS се прифатени со восхит и неверување во нивниот музичко сценски капацитет. 2CELLOS се познати по огнената енергија и неизмерната љубов кон музиката која не можат да ја сокријат на сцена.

Многу специфично е дека академски музичари со светски признанија за достигнувања во класичната музика криеле таков талент за таков настап и анимација на илјадници луѓе на концерти, генијален хумор и беспрекорна спонтаност. Опуштени и секогаш подготвени да ја доведат публиката во еуфорија.

Билетите за настапот на 2CELLOS ќе чинат 800, 1000, 1200 денари и ВИП билети од 2000 денари, а ќе можат да се набават од 01.11.2015 во продажната мрежа на МкТикетс како и онлајн.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford