Новогодишните одлуки се заеднички за сите луѓе во светот. Обично се работи за судбински одлуки, како почнување диета, откажување од пороци како цигари или посветување на студии и обврските. Јасно е, сите ние сме само луѓе, па често од големите планови остануваат само големи очекувања во новата година.
Според статистиките, само едно од единаесет лица навистина се придржуваат кон новогодишните одлуки барем половина година, додека за половината од нив, одлуката трае „дури“ 2 дена.
Остварување на целите, односно самоефикасноста, не зависи од полот, возраста и видот на самата одлука. Оние кои успеале во спроведување на одлуката имале активна и позитивна стратегија.
Активна стратрегија значи:
- позитивно размислување во стилот „Јас тоа го можам“
- награда за истрајноста
- одбегнување ситуации кои можат да доведат до „попречување“ (кафулиња, излегувања, забави…).
- постапно одвикнување наместо нагли апстинации
Експертите се согласуваат дека клучна состојка е вистинската желба за промена и упорноста.