Новото истражување покажува што е тоа за кое луѓето најмногу жалат во животот или пак за што се каат. Убедливо водат оние кои мислат дека се венчале за погрешна личност.
На второ место се оние кои се каат затоа што не патувале доволно и затоа што не заштедиле некоја пара за да имаат мирна и спокојна старост.
Многумина пак жалат затоа што никогаш не ги искажале чувствата кон некој што многу им значел и го губеле времето со безвредни работи.
Голем број пак жалат затоа што си го запоставиле приватниот за сметка на професионалниот живот.
Затоа вие не дозволувајте да направите вакви грешки кои имаат суштинско значење, сакајте и кажувајте го тоа, поминувајте го времето со саканите, дозволете си да бидете среќни.