Успешните луѓе сакаат другите да успеат, додека неуспешните потајно се надеваат дека сите други ќе доживеат неуспех за да се тешат со тоа.
Успешните ја прифаќаат одговорноста за нивните неуспеси, додека неуспешните ги обвинуваат другите за нивниот неуспех.
Успешните луѓе читаат, додека неуспешните само седат на Фејсбук.
Успешните луѓе водат дневник за нивните активности, додека неуспешните само велат дека водат, но всушност не водат.
Успешните зборуваат за идеи, и сакаат другите да успеат, додека неуспешните озборуваат други луѓе.
Успешните делат комплименти, додека неуспешните критикуваат.
Успешните луѓе се благодарни, додека неуспешните секогаш мислат дека се во право.
Успешните луѓе им простуваат на другите, додека неуспешните држат лутина и ретко простуваат.
Успешните луѓе се познати по прифаќањето на промените и постојаното учење, додека неуспешните се плашат од промени и мислат дека знаат се.
Успешните луѓе поставуваат цели и споделуваат информации и податоци, додека неуспешните никогаш не поставуваат цели и ги чуваат информациите само за себе.
Успешните луѓе се исполнети со радост, додека неуспешните со лутина и гнев.