Мудроста на дедо ми во 7 реда

Спонзорирани линкови

Седнати покрај огништето во неговиот трошен дом, тој е човек со длабоки бразди на челото, со коса побела од снег, но и со душа помека од памук, со сребро во косата, но злато во срцето.

За својата внука не посакува ништо друго освен најдоброто, па од дното на срцето ќе се обиде да ги извлече вистинските зборови кои ќе ви дадат насока во животот.

Еве ја мудроста на дедо ми во 7 реда:

ОМАЖИ ЗА ПАРТНЕР СО КОЈ САКАШ ДА РАЗГОВАРАШ

Кога ќе остариш како мене, кога ќе те боли грбот и косата ќе ти стане седа, се што ќе ти биде потребно е партнер со кој ќе сакаш да разговараш.

Некој што ќе те насмее да заборавиш на реумата или некој со кој ќе си слушаш вести со тон пуштен до крај, па после ќе си бистриш политика. Тоа ќе ти биде поважно од било што друго.

НЕ ВРЕСКАЈ, ЌЕ ТЕ БОЛИ И ТЕБЕ И НЕГО

Со врескање никогаш нема да го натераш мажот да го направи тоа што го сакаш, само ќе го фати инает.

Биди мудра со зборовите, смирена, остави го тој нека биде главата, но ти биде вратот кој во позадина ќе ја насочува главата. Така ќе оствариш се што ќе посакаш, а и ти и тој ќе бидете среќни.

СЕКОЈ НА СВЕТОТ Е САМО ОБИЧНА ЛИЧНОСТ

Без разлика што некои луѓе носат модерни шапки или имаат значајни титули пред името и привремено имаат моќ да направат да мислиш дека се над останатите, не верувај им! Тие ги имаат истите двоумења, стравови, надежи како и ти и тие јадат, спијат и уринираат.

Секогаш преиспитувај го авторитетот, но биди екстремно внимателна при тоа. Соседот еднаш беше градоначалник, сега е просјак.

ПАТУВАЈ ДОДЕКА СИ МЛАД

Не чекај да заработиш доволно пари и да дојде вистинското време. Пари секогаш ќе ти недостигаат и ќе имаш други обврски. Тоа никогаш нема да се случи, затоа подготви го пасошот уште денес.

Ако јас не видов повеќе од Дојран, ти види го светот и за мене!

ЗБОРУВАЈ БАВНО, МИСЛИ БРЗО

Немој да бидеш како сосетката со црвен кок. Радио милева ја викавме цел живот, само трачари, а што е уште полошо побргу зборува од што мисли.

Многу луѓе има повредено, ретко кој ја сака и на неа е фокусиран сиот маалски подбив.

КАЖИ „НА ЗДРАВЈЕ“ КОГА НЕКОЈ ЌЕ КИВНЕ И „ИЗВИНИ“ КОГА ЌЕ ПОГРЕШИШ

Како што ти сакаш кавалери, така и кавалерите сакаат културни дами. Биди девојка воспитана, девојка за која ќе речат дека има домашно воспитување и девојка на која дедо ќе биде горд дека направил добра работа. Секој ќе сака да биде во твое друштво.

МАЛИТЕ КАВГИ НЕ СМЕАТ ДА ТИ ГИ РАСИПАТ ГОЛЕМИТЕ ПРИЈАТЕЛСТВА

И мене дедо ти Кире не ми ја врати секирата ама ајде му простив, се сетив на оној пат кога баба ти беше во болница, а јас цело време со неа, па се грижеше за куќата, за дворот, за кучето.

Такви големи пријателства ќе имаш малку во животот, па не смееш да дозволиш мали кавги да ги уништат.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford