Ви презентираме во продолжение 60 фрази кои родителите мораат да им ги кажуваат на своите деца, како би тие прераснале во среќни и грижливи деца.
Овие изрази можат навистина да направат чуда: тие ќе ги научат вашите деца како да сакаат и како да бидат сакани, како да бидат сигурни, да ја делат радоста и среќата со другите, и да го ценат она што го имаат.
Кажувајте им:
- “Те сакам“.
- “Те сакам без оглед на се“.
- “Те сакам и кога се лутиш на мене“.
- “Те сакам и кога сум лута на тебе“.
- “Те сакам и кога си далеку од мене. Мојата љубов е секогаш со тебе. “
- “Дури и кога би можела да бирам кое дете да биде мое, јас пак би те избрала тебе. “
- “Толку многу те сакам, што тоа не би можело ни да го замислиш. “
- “Фала ти. “
- “Баш ми беше забавно денес играјќи со тебе. “
- “Моите омилени сеќавања се баш оние денови кои ги поминував во игра со тебе. “
Зборувајте им:
- …Моментите на нивното раѓање или посвојување.
- …Колку сте сакале да се галите и гушкате со нив додека биле мали.
- …Како сте го одбрале неговото име.
- …Приказни за самите вас од кога сте биле малечки.
- …Приказни за тоа како се упознале неговите родители.
- … За своите омиени бои.
- …Дека и вие понекогаш се соочувате со потешкотии.
- …Дека имате тајни кои функционираат одприлика вака: Кога ги држете зарака и полека ги стиснете три пати, тоа значи –Те сакам.
- … За вашите планови за иднината.
- …За вашата моментална работа, или активностите во кои учествувате.
Слушајте:
- …Што ви зборува детето додека го возите.
- …Што зборува за неговите играчки, и пробајте да сфатете колку му се тие вредни.
- …Секое прашање кое ќе го постави, и проблемот кој го опишува. На детето некој проблем може да му изгледа премногу тежок и секако ќе му биде потребна ваша помош.
- …На она што го зборува барем една секунда подолго од вообичаеното,пред да се уморите од неговото брблање. Обратете внимание.
- Она што го зборуваат и пробајте да ги преопзнаете чуствата кои се кријат позади тоа.
Поставувајте прашања од типот:
- Што мислиш, зошто тоа се случило?
- Што мислиш дека ќе се случи ако…?
- Како можеме тоа да го дознаеме?
- За што размислуваш?
- Кое е твојот омилен спомен?
- Што мислиш, каков е тој вкус?
Научете ги и покажете им:
- Како нештото да го направат, наместо да им го забранувате.
- Како да свират.
- Како да мешаат карти.
- Како да ја сецкаат храната.
- Како да ја наместат облеката.
- Како да бараат информации, кога не го знаат одговорот.
- Колку многу ја сакате својата мајка/татко.
- Како да се грижат за себе и да останат во добра форма.
Распоредете го вашето време така што да можете:
- Заедно да гледате градилишта.
- Да ги гледате птиците.
- Да гответе заедно.
- Да одите и да посетите некое омилено место.
- Да посветите што поголемо внимание правејќи го заедно тоа што вашето дете го сака.
- Заедно да играте на игралиште.
- Само да седете и гледате додека тоа си игра.
Направете го секој ден посебен:
- Направете мало изненадување на вашето дете.
- Ставете чоколадо во палачинките.
- Сервирајте го јадењето во облик на смешко.
- Седнете на подот и играјте си заедно.
Решете се од :
- Чуството на вина.
- Размислувањата за тоа какви треба да бидат работите.
- Својата потреба да секогаш треба да бидете во право.
Пробајте го следново:
- Гледајте го вашето дете со добрина и љубов.
- Намсевнете им се кога ќе ви влезат во соба.
- Возвратете му со нежност кога ќе видете дека тоа го бара.
- Пред да му кажете нешто (или да го исправете ) потрудете се да воспоставите контакт со очите, така да вашето дете вистински го слуша она што му го зборувате.
- Оставете го вашето дете да се носи со неговите/нејзините фрустрации (лутина, разочарување) пред да му помогнете.
- Избањајте го на крајот од работниот ден.
- Одберете го својот омилен начин на искажување на љубовта спрема своето дете.
Ти се допаѓа? Следи не на Фејсбук и прочитај уште милион вакви текстови…