Посакувате ли честитка во сандаче?

Спонзорирани линкови

Откако се појавија мобилните телефони и интернетот писмата полека изумираат. Сега најчесто преку писмо добиваме само сметки, казни, жалби итн.

Но што се слуци со оние “другите“ писма, новогодишните честитки, љубовните писма… Дали сеуште добивате вакви писма од вашите блиски, вашите другар(к)и , од вашиот/вашата сакан(а)? Или со нив најчесто телефонирате, си испраќате СМС пораки или пораки на социјалните мрежи.

Кога последен пат сте добиле или испратиле новогодишна честитка? Всушност, кога последен пат сте купиле една таква?

Да бидеме искрени, ништо не може да го замени чувството, возбудата кога испраќате, односно добивате честитка. Ништо не може да  ја замени насмевката од радост и изненадување, дека некој се сетил на вас. Честитката е искреност, не толку многу поради зборовите, колку поради фактот дека некој во моментот кога купува мисли на вас и ја бира според чувството за вас.

На оваа тема направивме кратка анкета со нашите посетители. Еве што велат тие:

 – Сакам да добијам една ваква честичка и ќе бидам многу изненадена. Мислам дека треба повторно да се обнови традицијата за чест во сандаче. Електронските пораки веќе ни се здодевни и секојдневни, тука нема убавина – вели Татијана Блажевска.

– Штета што е малку заборавен новогодишен гест и пробувам тргнувајќи од мене да го навртам во навика за испраќање. Пример оваа година испратив честитка за Франција на брат ми. Ќе бидат пресреќни кога ќе ја добијат. А за Нова година ни пристигнуваат дома честитки само од роднини кои се во USA бидејќи сепак таму тоа им е годишен гест на сите – вели Натали Папакоч Илиевска.

– Како нација која отсекогаш била традиционална, во мене е вродена љубовта кон традицијата. Честитката во сандаче во моето детство носеше неизмерна радост и ја надополнуваше новогодишната еуфорија. Во денешно време кога технологијата речиси го уништи перото и листот хартија, повторно би ме израдувала новогодишна честитка. Навираат спомени на време во кое човечноста, духовното и нематријалното не правеа среќни.
Честитка во сандаче – убав спомен на едно убаво време и за мене лично како пристрасник на традицијата сепак посакувано изненадување – ни рече Тања Арсева.

– Модерната технологија си го направи своето. За жал ги уништи тие некои моменти како бирање и испраќање новогодишни честитки кои совршено ја надополнуваат таа празнична еуфорија. И да сакаш да се потрудиш да ете вратиш дел од таа традиција не би можел никаде да успееш да купиш новогодишна честитка. Тие станаа реткост. И нормално, би ме израдувало доколку измеѓу купот писма од сметки здогледам новогодишна честитка – смета Никола Салтиров.

– Секако дека да. За мене тоа е вистинскиот начин на искажување емоција. Пишаниот збор и мирисот на хартија. Плус, мотивот на истата – вели Зоранчо Пуревски.

– Обожавам честитки. Секоја година праќам и се трудам секоја да е од срце напишана. Најомилен дел ми е од годината. Се трудам да ја пренесам еуфоријата на мојот син кој исто на своите другари на училиште секоја година им праќа. И нормално секој ден проверка на сандаче. Жално е колку малку се негува праќањето честитки денес се се сведува на постови на ФБ, Твитер – смета Бубе Мартиноска.

– Тоа ме враќа во времето кога секој ден гледав во сандачето и се молев да ми стигнат што е мижно повеќе честитки. И секој пат кога доаѓаше поштарот ми носеше по некоја честитка. Дури и моите најблиски ни праќаат по пошта вакви честитки. Многу се радував/ А сега, мојот кум еве веќе 3 години по ред не радува со честитки по пошта и само тој тоа го прави. Инаку јас сеуште праќам честитки во Србија кај другарките и се радувам како мало дете кога ќе ми кажат дека им стигнале – се потсетува Ивана Пенева.

– Да, нешто што ме навраќа во детството. Штета што модерното време, интернетот и електронските честитки ги оставаат празни поштенските сандачиња за Нова Година и со тоа полека се губи една преубава традиција – децидна е Кристина Добриќ.

– Сакам зошто да не, исто сакам и да праќам, сеуште ја чувствувам возбудата како и кога бев дете, без разлика колку години имам. Искрено се надевам дека ќе продолжи традицијата со праќање честитки, од наше време што беше. Иако сега е позастапена новата технологија со праќање на секакви честитки преку интернет и СМС порака, за жал – смета Марија Талевска.

– Секако дека посакувам, зарем има некој кој не посакува? Оваа традиција, ако може така да се нарече, оддамна веќе е изумрена, а и со ова наше брзо темпо на живеење се нема многу време, полесно ни е со модернава технологија да си чедтитаме роденден, празник или слично, за жал… – вели Горица Вучковска.

За крај, праќањето честитки е можеби ретро, но ретрото е во мода па бидете модерни оваа Нова година и посветете малку време на тие што ги сакате, а со тоа и на себе. Направете го вистинскиот избор. Нема да ве чини многу, а ќе ви значи премногу! И вам и на оние што ќе ги израдувате!

Внесете магија во новогодишните желби! И тоа на хартија!

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
No Preview
Тест натпис
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Предновогодишна генералка
Празници се ближат
Гледам премногу маски, но премалку лица….
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford