Колку малку е потребно, за човек да биде среќен! – рекле мудрите луѓе. И не залудно, навистина е тоа така. Но честопати човек не знае да го препознае тоа мало “нешто” што би ја вратило насмевката, што би дало посебен израз на лицето, нешто што ќе го обои светот во најубави бои.
Честопати трагаме по “големите нешта”, сакаме да грабаме се што можеме, а и не можеме да го имаме, најчесто туѓото. А не ја сакаме судбината на другите луѓе, туку само нивната маска. Така, не ги забалежуваме оние малечки нешта, кои кога добро би се склопиле, би дале пресрасна слика за тоа како треба да изгледа совршенството.
Време е за повторно да го земете животот во свои раце. Животот е едноставно премногу краток за да ги толерирате следниве работи:
Минувајте време со оние луѓе коишто се паметни, интересни, активни и слично размислуваат како и вие, од кои имате што да научите и покрај кои може да се смеете.
Работна атмосфера или кариера којашто ја мразите
Не помирувајте се со првото или второто работно место коешто ќе го добиете. Продолжете да трагате. Ако се затекнете себе си како тешко работите, а сепак уживате во секој момент, не престанувајте. На чекор сте од нешто големо. Тешката работа не е тешка кога сте сконцентрирани на својата страст.
Стоприајте ја сопствената негативност
Во својата глава ние постојано зборуваме самите со себе си, но не сме секогаш свесни за она што го говориме самите со себе си и како тоа влијае на нас. Ако имате негативни мисли, престанете со нив и заменете ги со позитивни.
Кажете го она што го мислите но секогаш мислете го она што го кажувате.
Брз начин на живот
Разбудете се 30 минути порано како не би морале да трчате наоколу како без глава. Тие 30 минути ќе ви помогнат да се ослободите од казните за пребрзо возење, доцнењата на работното место и останатите непотребни главоболки.
Притисок да се вклопите во целината
Често, единствена причина зошто некои луѓе сакаат да се вклопите е таа за кога еднаш тоа ќе го направите, тие да може да ве игнорираат и да продолжат со својата работа. Не се согласувајте на такво нешто. Бидете вие, единствената личност којашто и може да бидете.
Негрижа за здравјето
Вашето здравје е ваш живот. Не откажувајте се од него. Хранете се правилно, вежбајте и редовно правете психичка проверка на својата состојба.
Многу работа, малку пари
Уживајте и забавувајте се секогаш кога можете. Не го трошете времето на бескорисни работи.
Уморниот ум ретко кога е продуктивен.
Алчност
Не дозволувајте да станете алчни. Алчноста е способна да ги докрајчи дури и оние најсреќните.
Кредити и долгови
Живејте лускузно, но секогаш под своите крајни можности. Не купувајте нешта коишто реално не ви се потребни. Пред големиот шопинг секогаш најпрво преспијте. Изработете потоа план за враќање на долговите, а потоа и план за штедење и строго држете се до тие правила.
Живеењето на чесен живот му донесува мир на умот, а мирот на умот е непроценлив и тука нема простор за дискусии. Не дозволувајте да бидете нечесни, ниту да ги трпите нечесните луѓе.
Интимните односи се света врска – круг на доверба. Ако и двете страни не размислуваат на тој начин, можеби таквата врска и не е вредна за воопшто да се борите за неа.
Животот е премногу краток за да бидеш сит, искористи го секој миг, годините се само бројки. Не сонувај го животот, живеј го својот сон!