Есента е годишно време во кои не очекуваат многу дождливи денови, моменти кои се совршени за гледање на романтични филмови во друштво на партнерот, пријателите или пак едноставно сами.
Ви предложуваме неколку љубовни филмови кои ќе ви изнудат насмевка но и по некоја солза од вашето лице.
1. „Remember Sunday“
Љубовна драма во која е прикажана упорноста и мотивацијата кога е во прашање вистинската љубов.
2. „Me Before You“
Еден од најдобро рангираните филмови за 2016-та година, кој ќе ве инспирира секој ден да го живеете во полна пареа.
3. „Love Rosie“
Романтична драма која ќе ве потсети на детството, љубовта и важноста на секој еден момент кој може да биде пресвртен во вашиот живот.
4. „The Proposal“
Поради одличните критики, ви ја предложуваме оваа љубовна комедија, која го отсликува модерното општество и чудните патишта на љубовта.
5. „Blended“
Уште една од подобрите љубовни комични дела на филмското платно, една малку поинаква авантура богата со хумор и секако, љубов.
6. „About Time“
Филм кој ги преминува границите на реалното и ќе ни покаже дека секој момент е единствен.
7. „The Age of Adeline“
Љубовна приказна со имагинативна позадина, која ќе ви го одземе здивот и ви ветува добро потрошено време.
8. „The Longest Ride“
Спој на минатото и иднината, приказна за двајца заљубени кои ја пропуштиле својата шанса пред многу години но, сега повторно се јавува нова…
9. „The Choice“
Тревис и Габи се среќаваат за првпат како соседи во мал град град, развиваат љубовна врска, но нивната љубов ненадејно е тестирана од неочекувани настани.