Деновиве можеме да забележеме еден многу интересен пост на кој се одзваа доста луѓе и ја дадоа својата подршка.
Имено станува збор за ново отворена група која ќе продава гардероба, акцесорис, книги и што ти уште не по симболични цени а едниствен начин да се подигне производот е да се приложи уплатница од донарската сметка или од пораката за донации.
Интересен е и самиот наслов на групата Купи насмевка.
Администраторите на истата се надеваат на вистинска соработка од сите хуманитарни луѓе кои што сакаат да помогнат на било кој начин.
Ги охрабруваме и фирмите кои сакаат да се вклучат во овие активности да не се двоумат бидејќи среќата да помогнеш на некој е незаменлива. Знаеш дека со насмевка ќе заспиеш вечерта. Во преден план и на сам старт на истата група може да се забележи дека ќе се собираат средства за болни деца на кои им е неопходеннитен третман или операција.
Дали ќе прерасне во нешто поголемо оваа група и дали ќе ја добие соодветната подршка и ќе се прошири да помага и на сиромашни и ранливи семејства останува да видиме.
Наше е да им ја дадеме соодветната подршка и да им посакаме успех во нивната единствена цел – да купат насмевка!
Доколку сакате и вие да се придружите на истата група тоа може да го сторите на следниот линк:
https://www.facebook.com/groups/543827239372908/