Празничната еуфорија веќе почнува да се чуствува низ улиците но и во детските срца. Викендов имавме чест да бидеме сведоци на еден преубав хуманитарен гест од страна на неколку девојќи: Мартина Конеска, Маја Ковачевич, Даниела Јовановска, Сашка Кузманова, Катерина Огњановска и Даниела М.Бојчиновска.
Имено, членовите на групата „Купи насмевка“ која неуморно собираше играчки за да можат да израдуваат многу дечиња викендов со спонзорство од „Алкалоид“ – Скопје кој им додели пакетчиња со козметика подаруваа играчки и пакетчиња во Домот за деца без родители ,,11 Октомври“ и во детската болница за белодробни заболувања „Козле“.
Насмевките беа неминовен дел од детските лица.
– Голема благодарност до директорката на домот за деца без родители Соња Стамевска и до директорот на детската болница Анѓелчо Андоновски за отворените врати и споделената радост.
– Заедно можеме да подариме безброј насмевки и да разиграме безброј срца. Продолжуваме понатаму – велат од групата „Купи насмевка“.
Во прилог дел од атмосферата низ фотографии: