„Panton“ ја избра бојата за 2015 година. Станува збор за марсала, боја инспирирана од истоименото вино црвена нијанса.
Избраната боја на годината на обично цела година е присутна во светот на модата, домашниот декор и во индустриските модели.
Боја за 2014 година беше сјајната орхидеја, тропска нијанса на виолетова боја.
Исто како со бојата за 2014 година, гигантот за козметика “Сефора” планира да издаде колекција производи за убавина базирана на бојата за 2015 година.
Марсала со години се употребува за кармини за уста и за бои за коса.
Една од добрите страни на бојата е што може лесно да се комбинира со сива, црна, беж и со други неутрални бои.