Новите археолошки ископувања покажале дека жените отсекогаш воделе сметка за својот секси изглед. Мини здолништата, бикините и накитот биле хит и пред 7500 години, покажале глинените фигури.
Доколку судиме според фигурите пронајдени на подрачјето на Јужна Србија, жените од овие краеви се грижеле за својот изглед и пред 7500 години.
Последните ископувања на локалитетот Винча покажале дека младите девојки во таа доба биле убаво и секси облечени, носеле кратки мини здолништа и кратки маички. Се грижеле за модните детали, накитот на раце и нозе.
Ископувањата биле поврзани со едно племен кое во Јужна Србија живеело помеѓу 5400 и 4700 година пред нашата ера. Тие живееле на простор од 120 хектари, на местото каде што денес се наоѓа Плочник.
Тогашните жители се занимавале со металургија и рачна изработка на предмети.
Археолозите пронашле 60 различни фигури на кои јасно може да се види дека биле работени од чисто задоволство. Според нивниот изглед може да се заклучи дека биле моделирани од вистински професионалци во тоа време, а жените навистина се држеле до својот секси изглед.
Освен сознанијата за модните детали од тоа време, пронајдени се и други докази за начинот на живот во таа доба. Луѓето живееле во куќи, каде имале посебна кујна, прегради за фрлање на отпадоци, а своите мртви ги спалувале во посебни објекти кои ги нарекувале гробишта. Луѓето спиеле на волнени кревети, а облеката ја изработувале од волна, кожа и свила.
Заедницата се грижела за децата, а доказ за тоа биле играчките направени од глина.