Како да ја прославите Нова година со вашите деца?

Спонзорирани линкови

Со доаѓањето на децата во вашиот живот истиот целосно се променува, а со тоа се менува и пристапот на прославите по повод Нова година.

Кога во домот имате мало бебенце, дочекот на Нова година ќе ви наликува на било која претходна вечер додека седете дома, пред ТВ екраните а вашиот најмил спие или си игра во креветчето. Можеби ќе имате време да си подготвите убава празнична вечера со вашиот партнер или пак едноставно ќе им се препуштите на слатките грицки и чипс додека гледате некое телевизиско новогодишно шоу.

Со малку постари деца

Кога малку ќе пораснат, работите се сосема поинакви. “Може ли да седам до полноќ и да го чекам Дедо Мраз?“. Децата веќе полека ги сваќаат празничните моменти и истите сакаат да ги дочекаат со вас, или пак само остануваат будни за да добијат новогодишно изненадување.

Сите знаеме дека редовниот сон е многу важен за вешето дете, но сепак за новогодишната ноќ дозволете му да остане буден до полноќ.  Големи се шансите нивните мали возбудени главички да заборават на рутината за спиење која ја стекнале и да сакаат да се дружат со вас. Сепак и ова може да се избегне. Едноставно завртте го часовникот напред за неколку часа и прославете ја новата година со вашето дете малку порано. Откако ќе заспие, ќе имате можност да уживате во целосен мир со вашиот партнер.

Во друштво со повеќе деца

Дочек на новата година можеби сте организирале само за вашето семејство, но честопати се случува журката да ја направите во договор со уште едно или две семејства.

Во вакви случаи внимавајте да направите забава во која покрај вие ќе уживаат и вашите најмали и да наликува на еден вид “роденденска забава“. Подгответе и новогодишно изненадување, пакетчиња и забавни наградни игрички а во деновите пред Нова година, дозволете им тие повеќе да ви помагаат во украсувањето на домот.Но, внимавате украсите да не се кршливи и правите се, за безбедноста на децата.

Малку постарите деца можат да ја искористат својата креативност или некои од идеите за рачно правење на украси кои се објавените на интернет и направат уникатни декорации за домот и елката.

Нека биде весело

Гласната музика е дел од секоја новогодишна забава, а за разлика од другите денови никој од децата нема да ви замери доколку пуштите неколку децибели повеќе. На петарди веднаш заборавете, за ваша и безбедност на децата. Можете да направите мала приредба на која секој од децата ќе испее некоја песна или ќе одглуми некоја филмска сцена по сопствен избор, а на крај сите ги наградете со чоколади или бомбончиња.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford