Нова Година е најмагичниот период во годината, како за постарите така и за помладите. Насекаде се чувствува таа празнична магија, како по улиците така и во нашите домови.. Сите со своите желби ја дочекавме Новата Година. Некои ги замисливме длабоко во себе кога часовникот откуца полноќ а некои ги преточија во зборови врз хартијата и ја адресираа таа желба до Дедо Мраз. Најчесто најмилите и најмалите ги напишаа своите желби во тоа волшебно писменце до Дедо Мраз. Таа возбуда и радост не може да се сокрие во детските очиња кои со огромна жар и надеж ја дочекаа Новата Година.
Успеавме да ѕирнеме во неколку детски писменца и да ви ги доловиме тие желби. Малечки, искрени и остварливи.
Драги Дедо Мраз
Во изминатата година бев умна но знам дека во Новата Година ќе бидам уште поумна. Затоа сакам да те замолам да ми оствариш неколку желби :
1.Да заврши короната за да можам слободно и безгрижно да си играм со другарчињата.
2. Сакам оваа година да добијам братче или сестричка.
3. Сакам да добијам карта за да патувам до Северниот Пол и да те запознаам тебе и твоите помошници.
Среќна Нова Година Дедо Мраз ! Те сака Јована
Прочитавме писмо и со желба за подарок како колички на батерии, багери и мнооогу чоколалди
Желбата на Дамјан кој ни го сподели новогодишното писмо до Дедо Мраз и ни шепна уште неколку желби кои ќе останат тајна 😉
Писмото на Бисера : Оваа 2021 година сакам да ни донесе нов и убав снег. Имам уште една желба а тоа е да исчезне короната за да можам да си играм со другарчињата.
Новогодишната желба на Максим напишана во писмото до Дедо Мраз е да добие подарок: Shark Puppet за да ужива во безгрижната игра со другарчиња
Исто така и Давид не го заборави моментот да напише новогодишна честитка со неговата сестричка и новогодишно писмо до Дедо Мраз во кое тој му побарал поклон кој сакаше да остане тајна. Само ни раскажа дека со нетрпение очекува да му ја донесе Дедо Мраз и заедно ќе уживаме во таа игра.
Сите дечиња со прекрасните писма до Дедо Мраз во едно се согласни. Што побрзо да заврши оваа пандемија со Короната за да можат да се вратат на безгрижната детска игра и да креираат безброј детски спомени вредни за паметење.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА !!!