Вардар го совлада Копенхаген на Телеком Арената во Скопје во првиот натпревар од 3. коло од квалификациите од Лигата на Шампионите со минимален резултат од 1:0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна Балотели во 65-тата минута, кој од 14 метри на прва упати вистинска бомба, која заврши во голот.
Во финишот на мечот Копенхаген можеше да дојде до израмнување, но Гачевски двапати брилијантно интервенираше.
Реванш натпреварот ќе се одигра во Копенхаген наредната среда.