Вардар не успеа да избори пласман во плеј-офот за пласман во Лигата на шампионите.
Фудбалерите на Копенхаген ќе продолжат во плеј-офот за Лигата на шампиони, а Вардар се сели во плеј-офот за Лига Европа.
Натпреварот лошо започна за Вардар, по нецели две минути Грегуш го совлада Гачевски со што Копенхаген поведе со 1:0.
Во 19. минута Вардар успеа да израмни со погодокот на Бобан Николов.
Сепак на полувреме Копенхаген замина со предност од 2:1 откако Тигран Барсегјан несреќно си постигна автогол во 26. минута.
Во 75. минута Бенгстон проби по левиот блок, упати идеален центаршут, а Сантандер од еден метар ја спроведе во голот со што резултатот го зголеми на 3:1.
Конечните 4:1 ги постави Сотириу во 88. минута од пенал.