Македонската фудбалска легенда и донеодамнешен тренер на Вардар, Гоце Седлоски пристигна на преговори со најтрофејниот хрватски клуб Динамо Загреб.
Информацијата дека би можел да го преземе својот поранешен клуб се појави уште пред две недели, но Марио Цвитановиќ уште е тренер на Динамо. Вечерњи Лист тврди дека е можно да дојде до отказ, но не во моментов. Според весникот, Седлоски би го преземал Динамо во јануари, освен ако во меѓувреме “модрите” не направат некој голем кикс во првенството што ќе придонесе предвремена смена на Цвитановиќ. Иако е на клупата само два месеци, нему најмногу му се замерува за елиминацијата од Скендербег во квалификациите за Лигата Европа.
Седлоски се наоѓа во Загреб од понеделникот, вчера требало да замине за Скопје, но враќањето го одложил за утре.