Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука натпреварот од осминафиналето од Купот на Македонија меѓу Работнички и Шкендија да се одигра на стадионот во Ѓорче Петров со почеток во 15.30 часот.
Ваквата одлука е донесена поради зафатеност на Националната арена „Филип втори“ за претстојниот меч на Вардар против руски Зенит, во рамките од првото коло на Лига Европа, кој ќе се одигра в четврток.
Реванш натпреварот од осминафиналето ќе се игра во Тетово на 18 октомври.