Овие пет пештери ја носат титулата „најопасните пештери во светот“. Тие се полни со скриени агли и канали, а некои им го одзеле животот на оние кои се обиделе да ги истражат.
Јукатански пештери
Овие пештери се формирале кога дел од земјата се распаднал на полуостровот Јукатан, создавајќи јами кои се нарекуваат „ценоти“. Од осумдесеттите години до денес само 2.400 ценоти од 6.000 ги мапирале нуркачите кои се осмелиле да влезат во нив, а многу кои нурнале таму го изгубиле својот живот во овие мрачни лавиринти.
Јакобов бунар
Јакобов бунар е една од најдолгите подводни пештери во Тексас која наликува на бунар. Длабока е 10 метри до свиокот, од каде што се спушта сè подлабоко и содржи голем број на тесни ќелии. Дното и се наоѓа на 40 метри длабочина.
“Asopladeru la Texa”
Со користење на најнови технологии овие пространи пештери постепено се мапирани. Најдлабоката точка се наоѓа на 1.230 метри длабочина. Истражувањето на оваа пештера сè уште е во тек.
Пештерскиот систем Ј2 во планините Сиера Хуарес
Во овие пештери се влегува низ многу тенка празнина во шумата лест Беш, на планина на височина од 3 илјади метри. Оние кои ќе се вовлечат во неа мораат да се спуштат 500 метри пониско удирајќи во ѕидовите. Пештерите се протегаат на осум хоризонтални километри и еден километар под површината.
Систем Чеве
Овие пештери исто така се наоѓаат во планините Сиера Хуарес и се длабоки 2.5 илјади метри, па поради тоа се потенцијално најдлабоките пештери на светот.