Велат дека пред да почнете со медитирање потребна е доза на инспирација. Дали тоа ќе биде книга или некој човек со искуство, сеедно, целта е да се препознаете во вештината и да посакате да ја пробате.
Вежби за медитирање и за тоа како се медитира секаде ќе сретнете, но за почеток не треба да се заморувате со обиди. Сосема е доволно, 5 минути во денот да се обидете да бидете тивки и мирни и да му се посветите на внатрешното битие. Редовноста е најважна од се, нема фајде ако правите вежби како ќе ви текне.
Медитацијата се прави во избран агол, што е апсолутно чист и посветен. Пред да започнете со медитација, слично како и кај јогата, препорачливо е да се искапете и да носите светла облека. Доколку не сте во состојба да се избањате, тогаш измијте го само лицето. Медитацијата најубаво се прави соло во комбинација со миризливи стапчиња, свеќа или свежо цвеќе.
За овие вежби не е потребна некоја техника за изведување. Но ако сакате длабоко да навлезете во принципите на медитацијата и вистински да почувствувате блаженство и среќа, тогаш навистина ќе морате да посетувате часови. За почеток ви се потребни навистина идеални услови што ретко кој ги има дома.ж
Вежба за правилно дишење
Седнете удобно, затворете ги очите и вдишувајте полека и длабоко низ носот. За да се изведе правилно оваа вежба, треба при секое вдишување да почувствувате дека ви се наполнил стомакот.
Потоа издишете полека низ уста.
Продолжете вака, сконцентрирајте се притоа на секое вдишување и замислете како дишењето го исполнува вашето тело со енергија.
При секое издишување замислете како се ослободувате од сите напнатости и грижи.
Вежба за намалување на стресот
Седнете удобно и дишете нормално. Притоа замислувајте си дека зад себе ги оставате училиштето или работата, станот, куќата или стресната ситуација со која моментално треба да се справите.
Продолжете да замислувате сè додека да стигнете до широко поле над кое се простира бескрајно сино небо. Со мислите одете низ полето додека дојдете до еден рид.
Кога ќе се искачите на ридот, тој ќе стане планина и конечно искачете се на врвот. Седнете таму и погледнете го светот што се простира под вас. Полето ќе ви наликува како мала зелена точка. Од едната страна е подигнат град голем колку играчка, со луѓе кои се големи колку мравки.
Останете на врвот и уживајте во синото небо и облаците, сè додека не се почувствувате опуштено и додека не сте подготвени да излезете од медитацијата.