Понекогаш дебелеењето е нелогично. Сте намалиле со јадење и наместо помалку, вагата покажува повеќе килограми од последниот пат кога се меревте. Ваквите индикации покажуваат дека станува збор за хормонско нарушување.
Што значи дека има и случаи кога вие не ја носите одговорноста за дебелеењето. Еве неколку други здраствени причинители:
Тироидна жлезда – сигурно сте чуле дека неправилната функција на тироидната жлезда може да ја покачи телесната тежина од 2 до 5 килограми. Како всушност настанува дебелеењето? Штитната жлезда не излачува доволно хормони што ги претвораат калориите во енергија. Што значи, тие почнуваат да се таложат, а заболениот чувствува студ и константен замор.
Антидепресиви – лековите наменети за подобрување на менталното здравје, влијаат на покачувањето на телесната тежина бидејќи го стимулираат апетитот. Се препишуваат од причина што душевните болести ја намалуваат желбата за јадење.
Полицистични јајчници – станува збор за зголемено присуство на машките хормони во јајчниците. Организмот станува отпорен на инсулин со што се зголемува потребата од јаглени хидрати. Жените со ваков синдром имаат проблеми со мрсната кожа и акните и влакната по лицето.
Бактериите во цревата – можно е да се појави разлика во количеството на бактериите нормално присутни во цревата. Разликата може да го промени правилното искористувањето на калориите. Од тие причини некои луѓе се посклони кон дебелеење, а други помалку.