Летото е во полн ек, а вашето стомаче се уште е непослушно? Време е да поработите на стомачните мускули, а советите и предлог вежбите од фитнес тренерот Лиса Вилер само ќе ви ја олеснат работата.
Што ви треба?
пешкир и 5 – 8 килограми за симнување
Одвојте секој ден барем по 5 минути за да ги изведете овие вежби, односно дел од овие вежби во сет од по 10.
Вежба 1: Започнете со левата рака потпрени на подот, а десната истегнати нагоре, колковите подигнати, а нозете споени и потпрени на подот. Направете ја оваа вежба 10 пати.
Вежба 2: Ставете пешкир под прстите. Размрдајте ги стомачните мускули така што додека се држите на рацете, ги лизгате стапалата напред назад, додека нозете ви се во исправена положба и со телото формирате облик на В. Направете ја оваа вежба 10 пати.
Првите денови започнете со помало темпо, а потоа забрзувајте и зголемувајте го бројот на вежби кои ќе си зададете задача да ги направите тој ден. Ако започнете веднаш можеби и има надеж за рамно стомаче на плажа ова лето, зарем не?