Сите ние имаме различни професии и различни животи, па затоа не мора строго да следите некојa книга.
Ние ви даваме само листа со мали трикови како да си ја олесните работата и со помалку труд да постигнете поголеми резултати.
Земете слободен од вежбањето секоја недела!
Ова нека постане дел од вашата рутина за вежбање. На вашето тело му е потребен слободен ден, па така не размислувајте дали да си го дозволите.
Вежбајте надвор колку што можете повеќе!
Една предност на вежбањето надвор е сонцето и свежиот воздух, а друга е опкружувањето кое ви дава енергија и не ве тера да се склопчите на креветот.
Соберете информации за вежбањето!
Само отворете google (па и notformen) и тука ве чека цела палета на вежби и користа од нив. Исто така појдете до најблиската книжарница и купете некоја книга на тема фитнес.
Повикајте некој да вежба заедно со вас!
Пронајдете си партнер за вежбање, тоа е тајната како да изгубите килограми брзо. Но тоа нека биде некој посветен со кого ќе се чувствувате обврзани за да вежбате. Заедно ќе ги споделувате стравовите и напредокот.
Постепено зголемувајте го времето на вежбање!
Ова е полесно да се каже отколку да се направи, но мора да го натерате умот да го стори тоа за телото да го стори тоа. Не задавајте си преголеми цели преку ноќ, туку постепено зголемувајте го времетраењето на вашиот дневен тренинг.
Направете си план за вежбање кој ќе одговара на вашиот животен стил!
Сите ние имаме различни професии и различни животи, па затоа не мора строго да следите некојa книга. Направете си план соодветен за вас и држете се за него.
Не стојте, пешачете!
Не стојте во фиксна положба, дури и да размислувате нешто шетајте наоколу или шетајте барем лево – десно.
Не седете, стојте!
Златното правило е да одберете позиција која ви е помалку комфорна.
Не лежете, седнете!
Веќе го знаете горе споменатото златно правило.
Не бидете мрзеливи!
Најлесна работа на светот е да бидете мрзеливи. Само седите пред телевизорот на столот и јадете нешто пржено. Скршете ја веднаш оваа лоша навика! Прво исфрлете го од домот омиленото столче и ставете некое некомфорно пред телевизорот.