Додадете влакна во вашата диета и скратете на лошите јаглехидрати. Ограничете ги продуктите како бел леб, тестенини, компири и бел ориз.
Не постои нешто како рамнење на стомакот преку ноќ, тоа е долга и напорна трка во која само најмотивираните издржуваат.
Не поставувајте си превисоки цели како манакенските 60 сантиметри во обемот на струкот, поставете пореална цел и од денес започнете да работите на нејзиното постигнување.
ФОРМУЛА: Вежби + Здрава исхрана = Минус сантиметри и килограми
Следете ги овие ефикасни совети:
1. Пешачете или џогирајте 30 минути најмалку 3 пати неделно за да го забрзате метаболизмот да ги согори маснотиите.
2. Ограничете го внесувањето на шеќерот. Тој ви додава празни калории и води кон зголемување на телесната тежина.
3. Пуштете си ЦД со пилатес и вежбајте најмалку 2-3 пати неделно. Пилатесот го тонира целото ваше тело со концентрација на средниот дел (стомакот) и ја подобрува вашата флексибилност.
4. Додадете влакна во вашата диета и скратете на лошите јаглехидрати. Ограничете ги продуктите како бел леб, тестенини, компири и бел ориз. Наместо тоа јадете кафеав ориз и пченичен леб. За да ги добиете потребните влакна зголемете го внесувањето на свежо овошје и зеленчук (особено лисест).
5. Конзумирајте:
Сончоглед
Сончогледовите семки се богати со витамини Б и витамин Е и се одлични за залажување на гладот. Можете да ја попрскате вашата салата со две големи лажици сончоглед.
Грашок и мешункасти плодови
Грашокот ќе ви помогне во согорувањето на маснотиите и регулирањето на варењето. Овие плодови се полезни во борбата со срцевите заболувања, високиот крвен притисок, ракот на дебелото црево и нормално дебелината.
Спањак
Спанаќот покрај за намалување на килограмите ќе ви помогне и за неутрализирање на слободните радикали т.е. молекулите кои го забрзуваат процесот на стареење.
Маслиново масло
Маслиновото масло е одлично за готвење и салати. Го намалува лошиот холестерол и колку е позелено, толку повеќе антиоксиданси содржи.
Бадеми и други јаткасти плодови
Јаткастите плодови ќе учествуваат во изградбата на мускулната маса, а ќе ви ја намалат желбата за грицкање на некој чипс, смоки или колачи. Исто така ќе ви помогнат при срцеви заболувања, појава на брчки или висок крвен притисок.