Чаевите се богати со антиоксиданси, полифеноли и други здрави состојки, затоа се најдобар избор кога сакате да држите диета.
Зелениот чај има висок процент на антиоксиданси, затоа е здрав пијалок додека ЕГЦГ катехинот ја подобрува работата на метаболизмот.
Содржи кофеин кој го забрзува согорувањето на масти. Се препорачува конзумација од 3 до 5 чаши дневно, но доколку испиете повеќе од 12 може да дојде до труење на организмот.
Во денешно време копривата намногу се користи при воспаление на мочните патишта и при камчиња во бубрезите, но и како помош за лечење на ревматски тегоби. Сепак, овој чај е одличен и за сите кои сакаат да ја намалат телесната тежина.
Листовите коприва содржат многу хлорофил, органски киселини и 10% минерални соли со доста калциум, калиум, фосфор и железо.
Белиот чај има повеќе катехин и помалку кофеин од зелениот, затоа е идеален избор за слабеење. Чај од боровинки може да во помогне да го намалите апетитот и потребата од храна но и го стабилизира нивото на шеќер во крвта. Неколку шолји чај од боровинки дневно ќе ви помогне да изедете помалку и да го регулирате варењето.
Чајот од хибискус е природен диуретик, го намалува нивото на холестерол и се бори против високиот крвен притисок но и го спречува насобирањето на масните наслаги.