Џастин Колинс беше младо момче кое имаше седумнаесте години, и беше одличен ученик во училиштето кое што учеше. Тој беше како и сите други нормални тинејџери и не се издвојуваше од нив, се забавуваше со другарите, имаше девојка, но сепак како нешто одвнатре да бараше многу повеќе од него. Тој одвнатре чувствуваше некаква болка некаков стрва, но не знаше што е тоа.
Едно утро Џастин стана, појадува и се спреми за на училиште, и додека буричкаше по својот ранец тој забележа една слика со него и со својот најдобар другар, кога Џастин ја виде сликата и кога виде како тој и неговиот другар се насмевнати и изгледаат преубаво нешто одвнатре му затрпери очите многу повеќе му се отворија, тој едноставно се чувствуваше поинаку. Кога го свати тоа ја фрли сликата и се исплаши.
– По ѓаволите што се случува со мене? – си рече самиот на себе си гледајќи се во огледалото. Потоа си ги собра книгите и си отиде на училиште, а сликата остана да стои на неговиот кревет. Тој ден Џастин навистина се чувствуваше многу поинаку кога ќе се доближеше до својот другар, срцето му заигруваше кога тој ќе го допреше или ќе го гушнеше, Џастин беше преплашен, не знаеше што се случува со него, што се смени толку бргу. Кога тој после часовите отиде со својата девојка на вообичаеното место и почнаа да се допираат и бакнуваат тој не се чувствуваше исто како вчера или пак пред некој ден кога е со неа.
– Извин Кристин, но денес нешто не е во ред со мене, те молам прости ми. – и рече тој на Кристин, така се викаше неговата девојка, и си замина трчајќи.
Отиде на едно преубаво место покрај реката и целиот беше исплашен, чувствуваше голем страв и некоја болка одвнатре. Го извади својот мобилен телефон и ги гледаше заедничките слики со неговиот другар, и конечно тој сфати дека се вљубил во него. По ова болката и стравот станаа уште поголеми во него, тој мислеше дека сето ова е погрешно и дека не требало така да биде, тој сето ова не го сакаше, сакаше да има нормален живот, но ете тоа беше поголемо од неговите желби.
После сваќањето дека Џастин се вљубил во неговиот најдобар другар почна да го избегнува, да не излегува со него мислејќи дека сето ова ќе помине, но сепак тоа стануваше уште поголемо. Тој чувствуваше преголем страв и болка во себе, се палшеше дека многу лошо ќе биде сватен во општеството и дека сите од него ќе праваат лудак и бесрамник, никој немаше да знае дека ниту тој не го сака тоа, но ете едноставно се случило.
Чувството на преголемиот страв и болка го натераа Џастин да го направи најкобното за својот живот. Една вечер додека неговите спиеја тој стана и отиде во нивната гаража, го зеде дебелото бело јаже и го врза за една кука која се наоѓаше на плафонот, се качи на едно столче, потоа го стави јажето околу врат и се висна надолу, по десет минути тој веќе беше мртов.
Младиот преубав и пресреќен тинејџер кој имаше само седумнаесет години плашејќи се дека никој нема да го свати она што тој го чувствува и дека нема да може да живее со тоа си го одзеде својот живот предвреме.
(Никогаш не судете им на луѓето пред да ги сослушате, вашето мислење некого може да го чини цел еден живот.)
Автор:Кико Христијан Цековски