Сигурно и вие бевте зависни од филмот “Sex and the city“ и како вчера да беше се сеќавате на немилосрдната заводничка која живееше со полн здив, Саманта Џоунс.
Еве дел од нејзините цитати од филмот, кои слатко ќе ве насмеат и ќе ви ја освежат меморијата.
Биографија:
Моето име е Samantha и јас сум „љубовохолик“.
Нема таква работа како лош публицитет.
Ти се состануваш со Mr. Big. Јас се состанувам со Mr. Too Big.
Нема да бидам осудена од тебе или општеството. Ќе носам што сакам, орално ќе задоволувам кого сакам, се додека дишам и коленичам.
Секс:
Еднаш лош секс од тебе, срам да ти е, втор пат лош секс од тебе, срам да ми е!
Нема доволно простор во New York да ги собере сите мои бивши. Да ти кажам, многу од нив и се обесија.
Јас не можам да се „набојам“(секс) доволно, би боела цел ден, секој ден. Ако би можела би ја искористила секоја боичка од мојата кутија.
Добрите момци имаат секс со вас, лошите момци имаат секс со вас, а останатите не знаат како да го направат тоа.
Маж може со истата леснотија да те остави ако имаш секс со него на првиот состанок, како што може, ако чекаш до десетиот.
Можеш да имаш добар секс со некој кој не ти се допаѓа или не го почитуваш… па дури и не го паметиш.
Ако можевме постојано орално да го задоволуваме секој маж на Земјата, ние ќе го поседувавме светот и во исто време ќе ни беа слободни рацете.
Врски:
Па, не знам вие луѓе како го правите, но сето тоа емоционално шоу е истоштувачко.
Дали врска е кажување на неговото име 50 пати на ден повеќе отколку на моето?
Врските не се само да се биде среќен. Размислете, колку често сте среќни во врската?
Ќе кажам една работа која не смеам. Те сакам… но се сакам себе си повеќе. Јас сум во врска со себе веќе 49 години и тоа е она на кое што морам да работам.
Мажите мамат од истата причина од која кучињата си ги лижат јајцата… затоа што можат.
Сексот со поранешниот е депресивен. Ако е добар, затоа што го немаш повеќе, ако е лош, затоа што имаше секс со поранешниот.
И за крај Mr. Big на Carrie:
Ги знам твоите пријатели добро. Charlotte е бринета, Miranda е црвенокоса и Samantha е неволја.